Има 23 години и дом како од '90-тите – дал 6.000 евра за ретро апарати и мебел од ИКЕА

Џек Волтер смета дека ’90-тите се најдобрата деценија, па потрошил 6.000 евра за да го претвори неговиот дом во временска капсула од тој период, опремена со касетофон, мебел на старо од ИКЕА, стар телевизор и ретро кујнски апарати.

kasetofon-star-televizor-retro-mebel-momche-si-go-transformiralo-domot-vo-vremenska-kapsula-od-90-tite-foto-01.jpg

Џек Волтер од Англија е вљубен во ’90-тите, а досега потрошил околу 6.000 евра за да го трансформира неговиот дом во еден вид временска капсула од оваа ера.

Сега, домот на Џек е опремен со мебел од ИКЕА купен на старо, стар телевизор од 90-тите, касетофон, па дури и ретро кујнски апарати.

23-годишното момче вози и стар автомобил – Austin Mini Metro – а од облека најмногу му се допаѓаат класичните Levi’s фармерки и џемперите кои биле најголем хит во ’90-тите, но и широките џемпери препознатливи за истиот период. 

Џек вели дека на некој начин се обидува да ја долови топлата атмосфера од неговиот дом од детството, но признава дека неретко луѓето го нарекуваат „луд бидејќи не живее во сегашноста“.

Џек живее во англиско село и вели дека поради локацијата, има проблеми со мрежата на мобилниот, но затоа, пак, има ретро фиксен телефон кој редовно си го користи.

„Сè започна кога се обидував да го копирам домот од моето детство. Никогаш не ми се допаѓале модерните домови со сива боја. Оваа куќа не ја чувствував како дом, па сакав да го променам тоа.

Кога се вселив пред две години беше монотона и бела. Од 1995-та, немало никакви реновирања во куќата. Единствено беа сменети подовите и ѕидовите беа офарбани бели. За да ја средам, купував многу работи на старо и онлајн. Добивав и многу подароци од луѓе кои ме знаат“.

Џек навистина живее во 1990-тите, па дури и слободното време го минува со серии од тој период кој ги гледа на касети, како и музика од истата ера којашто ја слуша на неговиот касетофон. Тој има и стар мобилен телефон и стар лаптоп со оперативен систем Windows ’95.

Џек е всушност убеден дека ’90-тите имале совршена рамнотежа кога станува збор за технологија – доволно колку да нè забавува, но не премногу за да се изгубиме во неа.

Најстариот предмет во неговиот дом е телевизорот произведен во 1980-тите, за кој платил околу 160 евра.

Бидејќи Џек живее со мајка му, во неговиот дом сепак има и неколку „модерни“ работи, најмногу поради неа.

„Имам неколку модерни уреди. Живеам со мајка ми, па таа има модерен телевизор. Имаме и нова машина за садови и нова перална, но мислам дека тоа е сè.

Ми се допаѓа и што живееме во мало село. Има едвај 500 луѓе и од кој прозорец и да погледнам, има само полиња“.

Џек споделува видеа на ТикТок од неговиот дом и вели дека собрал многу следбеници поради носталгијата.

„Почнав да користам ТикТок бидејќи ми беше досадно за време на карантинот. Со текот на времето луѓето почнуваа да ми кажуваат дека се сеќавале на предметите што се во мојот дом и многу од нив ми рекоа дека ја чувствуваат истата носталгија кон ’90-тите“.

„Ова ми е како бегство од модерниот свет. Некои луѓе одат во теретана, некои играат видеоигри. Ова е моето бегство“.

Џек истакнува и дека забележал дека ретро уредите му траат подолго.

„Луѓето ми велат да сум купувал нови работи бидејќи се поквалитетни. Според мене, вака ми е поевтино и секој предмет во мојот дом има приказна. А, и овие уреди и предмети траат многу повеќе. Сите забораваат дека порано луѓето ги купувале работите за да им траат“.

Повеќе фотки од домот на Џек на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Шарено кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од бајка (фото) Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени п...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg