Дом уреден во кич стил - 22 идеи за сите на кои им здодеа од минимализам и земјени тонови (фото)
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
Иако самиот збор „кич“ за многумина е синоним за нешто грдо, светкаво и претерано, во реалноста е синоним за жив, експресивен, разновиден стил кој ќе довесе жар во вашиот дом.

Во последно време сè поголем број луѓе сакаат да го заменат минималистичкиот стил во домот или сивата боја со нешто поведро, пошарено, понатрупано.
Токму тоа направи таканаречениот „кич стил“ да се враќа на голема врата во светот на внатрешното уредување.

Што е кич стил?
Кичот е еден од најконтроверзните и најпровокативни трендови во дизајнот на ентериери.
Преведено од германски значи „леплив“ или „евтин“, но во модерното толкување, тој е „свесна естетска експресија“.
Па додека традиционалните стилови се стремат кон хармонија, пропорционалност и складност, кичот намерно ги крши сите правила - неговата цел е да шокира, изненади, да предизвика емоции, а понекогаш дури и иритација.
Најпрепознатливата карактеристика на стилот на кич е комбинацијата од некомпатибилното.
Тоа значи дека во домот можете да ставите антички комода и пластично столче во стилот на 1960-тите во комбинација со кадифена софа и неонско осветлување, порцелански фигури и графити на ѕидот, или кристален лустер и поп-арт постери. И тоа да е океј.

Во кичот доминира прекумерен декор - нема празен простор, полиците се полни со украси, ѕидовите се покриени со слики во несоодветни рамки, а текстилот е преплавен со шари. Секој сантиметар од просторот „вреска“ од бои и дезени.
Наместо класични палети, доминираат смели, понекогаш и агресивни комбинации - дречливо розова со маслинеста, портокалова со виолетова, светло зелена со бордо боја.
Често се користат кисели тонови, метални нијанси и флуоресцентни акценти.
Па доколку сакате голема промена во домот, можеби ќе најдете инспирација во продолжение:
А. Ј. | Црнобело
