На гости кај Маја: Дворче со базен во Охрид создадено за уживање (фото)


На гости кај Маја: Дворче со базен во Охрид создадено за уживање (фото)

Спектакуларен поглед на Охридското Езеро, базен, лулашки, перничиња и најубавото зајдисонце, зарем е потребно нешто повеќе? На гости во „малото парче рај“ на Маја Гугоска (37) од Охрид.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-01.jpg

Маја Гугоска (37) од Охрид е сопруга и мајка на две деца која сака секој слободен миг да го мине во забава и релаксација со семејството.

Токму затоа за време на пандемијата тие за себе си креирале мало парче рај.

Станува збор за дворчето од нивната стара викендица, или како што вели Маја нема ниту викендица, туку станува збор само за старо куќарче, кое има поглед на Охридското Езеро.

За уредувањето на ова мало парче рај, Маја споделува за CRNOBELO.com:

„На 2 километри од Охрид во местото викано Горица, се наоѓа нашиот мал рај... Блиску до градот, а многу далеку од секојдневната турканица и врева.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-02.jpg

Нема викендичка, постои мало лозарско куќарче кое сè уште не сме го оспособиле за преноќување.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-20.jpg

Го викаме „в лозје” иако лозјето таму веќе не постои. Во некои чудни околности, со повеќе слободно време кога почна целата паника со ковид, буквално се изолиравме таму.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-13.jpg

Секој ден после работа, секое слободно време и викенд ги поминувавме, па и сè уште ги поминуваме таму.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-19.jpg

Засадивме трева и разни овошки, мислам дека ги насадив сите можни сезонски цвеќиња и дрвца.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-06.jpg

Базенот, иако монтажен, испадна дека е полн погодок. Целиот проект е замисла на мојот свекор, кој е одличен мајстор и се погрижи за соѕидувањето и платформата околу него.

na-gosti-kaj-maja-dvorche-so-bazen-vo-ohrid-sozdadeno-za-uzhivanje-foto-14.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото) „Во занималната кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и ...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg