Наликува на замок, а ја „преживеала“ и Втората светска војна – Најубавата млекарница во светот (фото)

Кога ги гледате фотографиите од „Pfunds Molkerei“, млекарницата од Дрезден што е прогласена за најубава млекарница во светот, претпоставувате дека глеате фотографии од некој раскошен замок.

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-01.jpg

Околу 500.000 туристи годишно одат во Дрезден да го посетат овој објект што му пркоси на времето.

Млекарницата била основана во 1880-тата година, а целиот објект е декориран со рачно насликани керамички плочки во неоренесансен стил, изработени од локалните уметници.

Pfunds“ истовремено станала и првиот производител на кондензирано млеко во Германија, а исто така млекарницата произведува и млечен сапун и млечна формула за бебиња, а ова била и првата млекарница што вовела пастеризација на млекото во 1900-тата година.

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-09.jpg

Основачот на млекарницата Пол Густав и неговиот брат создале мошне добар бизнис, така што отвориле повеќе продавници од истиот бренд за производство на млеко, осигурителна компанија, станбена зграда за вработените во компанијата со базен и детска градинка.

Кога Пол починал во 1923-тата година, бизнисот го преземале неговите деца, а за чудо овој објект успеал да ја преживее Втората светска војна и масовното уништување на Дрезден.

Денес, млекарницата е реставрирана во стариот сјај, а посетителите повторно може да купат некое од познатите сирења на овој бренд или да се почестат со чаша млеко.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-10.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-02.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-03.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-04.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-05.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-06.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-07.jpg

nalikuva-na-zamok-a-ja-prezhiveala-i-vtorata-svetska-vojna-najubavata-mlekarnica-vo-svetot-foto-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совршено уреден стан во скандинавски стил на девојка од Полска (фото) Комбинацијата на бела боја и дрво е вистински погодок во топлиот стан на Емилија...
На гости кај Марина Дојчиновска: Совршена тераса во село Гари, со поглед сè до Лазарополе (фото) „Најголемо задоволство ми е да седам на терасата од нашата семејна куќа во Гари ...
На гости кај Еми и Јасмин: Еклектичен стан во Скопје со камин како од француски замок (фото) „Постоењето на сентиментална вредност во просторот за мене е предуслов за топол ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg