На гости кај водителката Ивана Јанковска: Модерен стан во Тафталиџе, со отворени полици за чанти и златни детали
- Детали
- сабота, 26 јули 2025
„Деталите како отворените полици за ташни, скриените светла кои ги има насекаде, и огледалата кои се ширум цела спална соба - тоа сум дефинитивно јас. И да ви кажам една тајна - плакарите ми се толку големи што можеш да се изгубиш внатре“, вели водителката Ивана, која за CRNOBELO.com ги отвори вратите од својот дом.

Ивана Јанковска, уредник и водител на емисијата Stars TV Show, по професија е дипломиран информатичар.
Но, таа е и голем естетичар, дама со дефиниран вкус, која, сама, со своите идеи и помош на архитектка, се погрижила за уредувањето на својот дом.

За станот во кој живее веќе неколку години, вели дека е модерен, светол и уреден по нејзин вкус.
„Сместен е во урбано скопско делче, Тафталиџе со прекрасен поглед на Водно.
По квадратура не е многу голем, има 60m2, но токму во овој простор успеав да направам место кое ќе зрачи со топлина стил и позитивна енергија. За еден човек - измислено“, вели Ивана за CRNOBELO.com.
Таа ни ги откри и тајните на уредувањето на нејзиниот дом, идеите кои ја воделе, но и деталите кои го прават овој простор совршен за неа.

За CRNOBELO.com, Ивана раскажува:
„Пред почетокот на уредувањето, имав една единствена визија - сакав модерен простор што ќе зрачи со светлина, стил и енергија.
Сакав, кога ќе влезам дома, да се чувствувам убаво и срцето да ми биде мирно.


Дневната ми беше најважна - сакав простор што ќе ми биде пријатен и за опуштање, и за дружење.
Сакав голема и удобна софа, топол под, зелени растенија и уметност на ѕидовите, сѐ што ќе ми ја подигне енергијата.
Телевизорот е огромен, не случајно, сакав ‘домашно кино’, без да изгубам на естетиката.


Кујната е многу елегантна, стилска и практична. Боите се совршена рамнотежа помеѓу чистота и топлина.
Сакам минимализам, ама не претерано, затоа секогаш имам свежо цвеќе, свеќа, некој детаљ кој што дава душа.
Во склад со кујната имам мало островче (шанкче) кое е од сите страни функционално.
Во него има вградена мала винарија, а веднаш до шанкот има дел кој е специјално направен за пијачки.

