На гости кај водителката Ивана Јанковска: Модерен стан во Тафталиџе, со отворени полици за чанти и златни детали
Трепезаријата исто ми е многу важна. Тоа е место каде што се собираат драги луѓе.
Затоа сакав голема маса, што ќе се вклопи во амбиентот. Столовите се комотни, со мек велур и златна рамка.


Спалната соба ја замислував како моја мини света оаза.
Во неа има нежни бои, складни со ентериерот на целиот стан и светлина што ја смирува атмосферата.
Деталите како отворените полици за ташни, скриените светла кои ги има насекаде, и огледалата кои се ширум цела спална соба - тоа сум дефинитивно јас.
И да ви кажам една тајна - плакарите ми се толку големи што можеш да се изгубиш внатре!
Имам премногу облека, што често не ни знам дека ја имам, па затоа морав да ослободам голем простор за целата таа ‘колекција’.


Тоалетот е сличен како во хотелите. Модерен, минималистички, но со топлина.
Нема ништо премногу, ама има сѐ што треба. Секој детаљ е направен со причина, сѐ е средено на место, со вкус и стил.
Една од поинтересните работи тука е тоа што направив дополнителен помошен простор, односно не сакав да се гледаат болјерот, машината за перење и слично... па едноставно, стилски, ги затворив.


На самиот влез има огромен плакар само за обувки, таму го чувам ‘богатството“. Сите бои, секакви модели.
За снимање, за плажа, за работа, за кафе, за во теретана. Жени...
