Ледената Бетика ја покажа дрвената куќарка во природа: „Правена е за моја душа, тука сум своја, слободна и жива“
- Детали
- вторник, 25 ноември 2025
„Мојата душа никогаш не ги разбираше луксузите и палатите. Во оваа дрвена куќичка, далеку од светската врева, го почувствував најскапиот луксуз да бидам своја, слободна и жива“, вели ледената Македонка Бетика за CRNOBELO.com и ни покажа дел од својот рај, со прекрасен поглед на езеро и планини.

Бети Котовчевска од Ресен, позната како ледената Бетика, има дрвена куќарка од соништата, во природа, во Преспа.
Куќарката, која ја нарекува „свој дом“, има прекрасен поглед на планини и на езерото, а Бетика ја уреди со многу љубов.

Таа е на два ката, а во внатрешноста има камин, детали од дрво, натпис „Home“ (дом).
За CRNOBELO.com, Бетика вели дека малата дрвена куќа е правена за нејзина душа.

„Мојата душа никогаш не ги разбираше луксузите и палатите.
Јас ја пронајдов мојата вистинска палата таму каде што дрвото мириса на дом, каде тишината ја носи мудроста на планината, а љубовта тивко пулсира во секој агол.
Во оваа дрвена куќичка, далеку од светската врева, го почувствував најскапиот луксуз да бидам своја, слободна и жива“, ни кажа таа.

Бетика сподели фотки и видеа од куќарката и на Инстаграм, па уште еднаш нагласи дека го живее сонот и на своите следбеници им дозволи да ѕирнат малку во нејзиното парче рај.
Погледнете повеќе фотографии:









©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело