Во домот на Мартин: Уникатен стан со кровна градина во Градски ѕид во Скопје (фото)


Во домот на Мартин: Уникатен стан со кровна градина во Градски ѕид во Скопје (фото)

„Интересно е што станот се наоѓа во централно градско подрачје поточно во Градски ѕид и на моја среќа се погоди да има заеднички простор помеѓу зградите, каде јас во корелација со соседите тој простор го претворив во една кровна градина, па така добив двор среде центар“, вели 34-годишниот скопјанец.

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-01.jpg

Мартин Лазаревски (34), дипломиран инженер по архитектура, живее во стан во Градски ѕид во Скопје.

Станот е уникатен и е одраз на неговиот уметнички дух.

За уредувањето на неговиот дом тој открива за CRNOBELO.com:

„Идејата за мојот стан кој го нарекувам „LAZ Aprartment“ произлезе уште во времето пред моето запишување на Архитектонски факултет. Запишувањето и завршувањето на архитектура беше само техничка основа на она што и денеска го работам со голема љубов кон ентериерите и производството на мебел.

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-23.jpg

Впрочем, идејата за мојот стан е сублимат од повеќе стилови и различни концепти, но на крај со единствен мотив да се чувствува топлина на дом, а не на музеј или кафуле…

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-18.jpg

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-05.jpg

Поради различните концепти во ентериерот и големите стаклени површини и отвореноста на самиот стан има флуидност на енергијата од простор во простор, па така се добива перцепција како да сте во лавиринт, каде секој детаљ си има свое место и свое зошто.

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-30.jpg

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-20.jpg

Станот е комплетно мој проект и моја реализација благодарејќи на мојот тим од „Студио Мартема“ мебелот е комплетно изведен од сопствено производство во кое ми беше идеја на моите идни клиенти да им покажам што сè можеме и каква изведба на мебел можеме да понудиме.

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-27.jpg

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-25.jpg

Омилен детаљ од станот не можам да одвојам бидејќи секоја просторија е приказна за себе, па во зависност од расположение така ги уживам просториите во мојот дом.

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-31.jpg

vo-domot-na-martin-unikaten-stan-so-krovna-gradina-vo-gradski-dzid-vo-skopje-foto-32.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото) „Во занималната кај нас преовладува едно шаренило од бои, слободата во играта и ...
Црно-бела хармонија: Стилски уредениот стан на Цики од Скопје (фото) Во црно-бело уредениот стан на Цики секој детаљ е внимателно одбран, терасата ѝ ...
Во домот на Ангела Бебекоска: Стан во Тафталиџе обоен во сиво, сино и жолто (фото) Ангела Бебекоска (24) која од Вевчани се преселила во Скопје вели дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg