Начинот на кој ја сервираат храната и сето зеленило во Ботаника, свирките во Рустикана или пак ентериерот во Лозница... Или сепак старите добропроверени Скопски Мерак и Лира? Која е вашата омилена урбана кафеана?
Коктел под совршена шарена сенка наутро или чаша вино крај оганче навечер... Овој бич бар во Пефкохори е уникатно доживување.
Светот изобилува со толку многу прекрасни локации за одмор од кои ни застанува здивот. Сепак, славните и инстаграмџиите имаат неколку омилени локации кои се издвојуваат од познатиот хотелски шаблон...
Кафулето во Вила Стаса сè уште важи за едно од најубавите места на првиот крак во Грција, каде сте опколени со природа и тиркизното море, а тука ќе го доживеете и најмагичното зајдисонце.
„Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, дрвена работна површина и мермерни ѕидни плочки. Трпезариската маса ми е омилен елемент и е онаква баш каква што ја имав замислено да биде од масивно дрво и асиметрична, но најомилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Карло...“, раскажува за CRNOBELO.com Јована Стилиновиќ (27), која со сопругот и синот живее во стан во скопската населба Автокоманда.
„Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез и мало дворче, што е супер и доста практично кога си со мало дете. Обожавам природна светлина и доколку би имала сопствена куќа еден ден би била цела од стакло, па погледот од прозорците под плафонот кон зеленилото ми е најомилениот и најрелаксирачки дел од домот“, вели Николина Пинзовски (33) од Битола за CRNOBELO.com.
По многуте патувања и динамичниот стил на Симона Калица (25) дури и темпото на живот во Битола ја изморувало, па така одлучила да се пресели во семејната викендичка во село Магарево на Пелистер, која ја реновирала сама со помош на нејзината сестра. „Од тогаш, па се до денес, веќе 3 години сум таму и мирот што ми го дава самото опкружување, природа и планина, мислам дека за ништо на светот не би ги сменила...“, вели Симона за CRNOBELO.com.
„Живеам сама, со моите две мачиња. Станот има 2 спални соби од кои едната ми е уредена како гардеробер со дел за шминкање. Во таа соба ми беше битно да имам и гостински кауч на пуштање, кој не зафаќа голем простор и се користи само по потреба“, вели Бети Стојанова (29), архитект, која повеќе од 6 години живее во Базел.
„Во нашиот стан доминираат светлите и неутрални бои кои создаваат хармоничен и избалансиран простор. Омилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Матеј, а бањата ни е комбинација од мермер и дрво“, раскажува Нина Тодоровска (29) за CRNOBELO.com.
Доколку сакате светли бои, овој стан ќе ви го освои срцето за миг. Деталите ја прават комплетната слика, зарем не?
„Со сопругот бевме подеднакво и максимално инволвирани во средувањето, со тоа што негова целосна посветеност имаше гостинскиот тоалет, каде е внимавано на секој детаљ, како и на целата паметна технологија во станот. Мене омилен ми е „walk-in“ гардероберот, кој е функционален, практичен и среден, како што му прилега на перфекционист како мене“, открива Tеодора Таневска Кочовска (27) од Охрид за CRNOBELO.com.
„Велигден, најубавиот христијански празник. Со себе носи мирис на спокој и радост во секој дом. Ги чествувам нашите празници, но најмногу токму овој. Бидејќи сум креативна душа, практикувам секоја година јајцата да ги бојам на различни начини, а и ставам многу украси и во секое ќоше од мојот дом се чувствува празничниот дух“, открива Драгана Ѓорѓиевска (31) од Гостивар за CRNOBELO.com.
„Предметот ликовна уметност ми беше омилен во училиште и дури сега сфаќам дека целиот мој живот дека ми се допаѓало сè што е поврзано со уметност и креативност и дека тоа е еден од моите таленти. Во скандинавскиот стил во мојот дом дополнив топли ќебенца и перничиња за да се создаде пријатна атмосфера“, открива за CRNOBELO.com Ариана Мемети (30), која е родена во Куманово, а живее во Австрија.
„Кога станува збор за тоа на кој начин се одлучив за розовата боја, сакав да е нешто тренди во моментот, во исто време да е нешто нежно и женствено, да делува отмено, а најважно од сè да внесе живот и свежина во мојот дом“, раскажува Александра Стојанова од Скопје, одделенски наставник во основно училиште.
„Во овој стан живееме веќе 3 години и уживаме буквално во секој агол, затоа што уредувањето ни претставуваше вистинско задоволство. Не можам да не признаам дека поголем печат на уредувањето имаше мојот сопруг, но навистина има вкус за дизајн и ентериер, така што без двоумење ги прифатив неговите идеи“, вели Ирена (32) од Скопје за станот во кој живее со сопругот и ќеркичката.
„Јас бев архитектот задолжен за уредување на мојот семеен дом. Најмногу уживав во дизајнирањето на спалната соба. Ги сакам темните тонови и сакав во една просторија да преовладуваат темните нијанси“, раскажува Ивана Никова (24) за уредувањето на семејната куќа од 100 m2 во Струмица.
„Првично, што сакав е да има цигла на ѕидот во дневниот простор, па по тој декор се водевмe и за останатите простории. Кујната е во рустичен стил, одделна е од другите простории и навистина е голема. Во неа има доволно место за сè.“, раскажува Маја (34) од Скопје, по професија адвокат, за станот во кој живее со сопругот и ќерката Фрида.
„Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а останатиот дел од мебелот ми е купуван парче по парче бидејќи обожавам различни стилови вклопени во една композиција. Секое утро пиеме кафе со најубавиот поглед во градот – познатиот баир Свети Илија и Царевите кули“, вели Љупка Абрашева Ѓоргев, менаџер во приватна здравствена установа, од Струмица за CRNOBELO.com.