На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото)

„Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, дрвена работна површина и мермерни ѕидни плочки. Трпезариската маса ми е омилен елемент и е онаква баш каква што ја имав замислено да биде од масивно дрво и асиметрична, но најомилено катче дефинитивно ми е собата на мојот син Карло...“, раскажува за CRNOBELO.com Јована Стилиновиќ (27), која со сопругот и синот живее во стан во скопската населба Автокоманда.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-01.jpg

Јована Стилиновиќ (27), мајка на 11-месечно бебе и дипломиран менаџер по бизнис логистика со завршена академија по графички дизајн, моментално вработена во маркетинг компанија како графички дизајнер. Приватно работи како графички дизајнер со наши и странски клиенти и е сопственик на мал бизнис за персонализирани постери.

Таа живее во скопската населба Автокоманда во стан од 62 метри квадратни со сопругот Стјепан и 11-месечниот син Карло, а на својот Инстаграм профил споделува детали од уредувањето на домот.

Околу уредувањето на домот Јована открива за CRNOBELO.com:

„Идејата и инспирацијата за домот ја црпев од Инстаграм и Пинтерест. Како и во работата, така и во уредувањето на домот отсекогаш сум била заљубена во минимализмот и едноставноста.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-16.jpg

Секогаш имав желба да имам дом кој ќе биде уреден во минималистички и скандинавски стил со нежни и неутрални тонови, кои ќе даваат топлина во домот.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-08.jpg

Со реновирање на станот започнавме после 2 месеци откако дознав дека сум бремена.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-21.jpg

Бидејќи си имав замислено како сакам да ми изгледа секоја соба, речиси 70% од мебелот во станот е изработен по нарачка.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-05.jpg

Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, дрвена работна површина и мермерни ѕидни плочки.

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-13.jpg

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-03.jpg

На почеток се мислевме на подот да ставиме плочки, но естетски немаше да изгледа убаво бидејќи кујната е отворена и решивме да одиме со ламинат низ целиот салон (кујна, трпезарија и дневна соба).

na-gosti-kaj-jovana-stan-vo-skopje-so-beli-kujnski-aparati-i-vpechatliva-trpezariska-masa-od-masivno-drvo-foto-17.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg