На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото)

„Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а останатиот дел од мебелот ми е купуван парче по парче бидејќи обожавам различни стилови вклопени во една композиција. Секое утро пиеме кафе со најубавиот поглед во градот – познатиот баир Свети Илија и Царевите кули“, вели Љупка Абрашева Ѓоргев, менаџер во приватна здравствена установа, од Струмица за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-01.jpg

Љупка Абрашева Ѓоргев од Струмица е магистер по економија и работи како менаџер во приватна здравствена установа, но се занимава и со изработка на модни парчиња. Нејзиниот сопруг пак има бизнис во САД и најчесто е на релацијата Македонија – САД, па одлуките за уредување на домот во најголем дел биле на Љупка.

Живеат во стан во Струмица со нивната ќеркичка Михаела.

За уредувањето на станот Љупка открива за CRNOBELO.com:

„Ако телото е храм на душата тогаш ’дома‘ е центарот на мојот свет. Домот се прави од тули и цемент, но вистинскиот дом го прават луѓето што живеат во него.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-19.jpeg

Среќен дом не бара орнаменти од богатство. Секое место може да биде дом додека си среќен таму, не попусто се вели.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-04.jpeg

Нашиот дом го градиме веќе четири години. Заедно со него и ние духовно созреваме и растеме и ја зацврстуваме нашата семејна среќа.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-09.jpeg

Секој детаљ од нашите 140 m2 е дел од нас – од нашата идеја, замисла и карактер.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-06.jpeg

Во нашиот дом има многу детали кои се како албум со слики од детството. Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда поради коментарите на моите пријателки кои седеле на истата.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-16.jpeg

Во тој стил е и фотељата на мојата баба Љупка, која ми ја подари за спомен од неа.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-15.jpeg

Мебелот ми е купуван парче по парче бидејќи обожавам различни стилови вклопени во една композиција. Уникатноста е мој препознатлив стил, а тоа најдобро го знаат тие што ме познаваат.

na-gosti-kaj-ljupka-stan-vo-strumica-od-140m2-so-luksuzni-detali-vo-srebrena-boja-foto-03.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...
На гости кај Мими: Стан во Скопје со детали во златна боја и балкон со многу цвеќе (фото) „Од терасата имаме преубав поглед со зеленило и се надевам ќе уживаме уште долго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg