Симона од Битола се преселила во викендичката во село Магарево – планински рај во рурален стил (фото)

По многуте патувања и динамичниот стил на Симона Калица (25) дури и темпото на живот во Битола ја изморувало, па така одлучила да се пресели во семејната викендичка во село Магарево на Пелистер, која ја реновирала сама со помош на нејзината сестра. „Од тогаш, па се до денес, веќе 3 години сум таму и мирот што ми го дава самото опкружување, природа и планина, мислам дека за ништо на светот не би ги сменила...“, вели Симона за CRNOBELO.com.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-01.jpg

Симона Калица (25) од Битола, „destination wedding photographer“ (свадбен фотограф), веќе 3 години живее во семејната викендичка во село Магарево на Пелистер.

Напорното темпо од животот на пат ја натерал Битола да ја замени со ова прекрасно планинско место, каде вели дека со помош на природата на совршен начин си ги полни батериите.

За CRNOBELO.com Симона открива детали за нејзината одлука, како и животот во Магарево:

„Пред да почне короната, патував доста низ Европа како што ми налага и самата професија. Покрај тој динамичен стил на живот, во големи градови, јас не можев да се замислам на поинакво место.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-03.jpeg

Но како што велат, додека не пробаш на своја кожа, нема да знаеш. Почна короната. Мене веќе ми беше ограничено патувањето, па останав во Битола.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-08.jpeg

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-02.jpeg

Цел тој притисок со рестрикции ми беше голем товар после тој интензитет на работа што го имав.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-05.jpeg

Од нигде никаде, на ум ми падна да одам во викендичката во Магарево, Пелистер.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-09.jpeg

Иако бев свесна дека нема некои услови за живеење, решив во истиот момент и отидов.

simona-od-bitola-se-preselila-vo-vikendichkata-vo-selo-magarevo-planinski-raj-vo-ruralen-stil-foto-14.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Совршено уреден стан во скандинавски стил на девојка од Полска (фото) Комбинацијата на бела боја и дрво е вистински погодок во топлиот стан на Емилија...
На гости кај Маја: Стан од 75m2 во Скопје со впечатлив ѕид од цигли во дневната соба (фото) „Првично, што сакав е да има цигла на ѕидот во дневниот простор, па по тој декор...
На гости кај Моника: Стан во Капиштец со дневна соба со винтиџ парчиња и уникатни детали (фото) „Јас не го преферирам модерното во уредувањето на домот, не сум модерна девојка,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg