„Имав желба да имам мое катче за шминкање во спалната соба, простор кој е лично мој. Сакав во станот да се чувствувам удобно, а по напорниот ден да уживам опуштајќи се со музика, но тоа да биде и простор кој ќе ме потсетува на организираност, ред и дисциплина“, вели Ева Јакимовска за својот дом.
Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да појдете? Погледнете кои локали низ земјава навистина се потрудија и воодушевија со украсувањето годинава...
„Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат шарени сијалички и винтиџ стил на украсување, а внатре топло белите сијалички и стил кој одговара на самиот амбиент во куќата. Низ целиот дом доминира црвената боја и украси кои сме ги купувале низ годините“, вели Перо Митаноски од Дојран.
„Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - елката. Таа се украсува со албум од Мајкл Бубле, новогодишни песни и чаша бело вино. Како мајка се трудам и на моето дете да му ја пренесам љубовта и посветеноста кон празниците“, вели наставничката Александра од Скопје за CRNOBELO.com.
Кафулето со розово Фиќо во Вевчани секоја сезона изгледа поинаку. Пред новогодишните празници тоа е совршено украсено, а многумина велат дека тука се прават највеселите фотки за на Инстаграм.
Ако патот ве одведе во Виена, особено во празничните денови, посетете го Onyx, ресторан и бар со прекрасен поглед на срцето на градот, и место каде што ќе ги направите најубавите фотки за Инстаграм.
„Малите ќошиња на Скопје што потсетуваат на Париз“, стои во описот на фотографија која ја опишуваа оваа есенска идила во Дебар Маало.
„Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепариран, само заштитен со мат лак. Тука се и кожената торба за патување која е стара 40-тина години, радио од 1957 година и хармоника стара околу 50 години, но и гитарата која ми е подарок, а е купена во некоја заложна куќа во Њујорк“, вели Марјан Бранко за неговиот стан кој се наоѓа во населбата Влае во Скопје.
Со доминација на хризантеми во различни бои, украсни тикви и сушена пченка, сите поставени пред влезот, ресторанот „Калин камен“ во Крива Паланка изгледа како сцена од вистинска есенска бајка.
Oва необично кафуле-цвеќарница, кое е скриено од погледите на минувачите, а сепак во центарот на Солун, е уредено со многу вкус, винтиџ предмети и детали. Насекаде има старински огледала, фотографии, свеќници, мали украси, а изобилува и со свежо цвеќе.
„Трпезариската маса ни е со црно стакло и намерно ја вклопив со цел да го разбие моментот на дрво и да даде пософистициран и поелегантен изглед. Столовите се во тиркизна боја кои ја разбиваат монотонијата и заедно со останатите ситни детали во тиркизна боја дадоа живост на целата дневна соба. Дури и креветот во спалната соба ни е тиркизен“, вели Елена Зафировска (35), радиолошки технолог, за својот стан во Скопје, каде живее со сопругот и ќерките.
„Во нашиот ентериер внесовме земјени тонови како песок боја, нијанси на крем, надополнети со бели и златни детали кои даваат раскош и луксуз на целиот амбиент, а воедно и целиот фокусот е секогаш на нив. Со сопругот секогаш заедно одбираме сè“, вели Ена Јовановски од Скопје, која по свадбата се пресели во Битола.
Од костури и лилјаци до садо-мазо кукли... Од атмосферата на „Ноќта на вештерките“ во овој локал во Делчево дефинитивно ќе ве полазат морници.
„При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го работам. За монтажата на елементите се погриживме јас и татко ми. Кујната е мешавина на рустикално и модерно, со работна површина од гранит и контраст со златни рачки за вратичките и фиоките, златна чешма, бел порцелански мијалник“, вели Давор Панчевски, познат како Dave’s Kitchen, за CRNOBELO.com.
Во најубавите златно-жолти тонови ќе уживате во залезот над Охридското Езеро... Звучи совршено, зарем не?
Многу бои, тон шарм и уникатност... Кафуле во Старата скопска чаршија каде ќе сакате да си направите фотки за на Инстаграм и да се враќате одново и одново.
„Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која преовладуваат високи прозорци кои гледаат, накај дворот и голф теренот. Во куќата има винарија и голема теретана, опремена со сите машини потребни за вежбање“, открива Тина за CRNOBELO.com, која живее со партнерот во Нејпервил, Илиноис, САД.
„Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во теретана и канцеларија. Има сауна, мини кино, 2 кујни, базен, џакузи и прекрасен двор во кој ги кажавме нашите брачни завети, а сето тоа е на површина од околу 1000m2,“ вели Васил Гарванлиев за неговиот дом во Чикаго.