„Неисполнетата желба за прозорци без завеси и поглед од високо, ја компензираме со убавиот распоред на станот. Се решивме за еклектичен стил, па измешавме класично и модерно. Не се потпиравме на одредени бои или материјали, одбиравме смирени нијанси и дизајни кои ќе му дадат душа на домот“, вели архитектот Сашо Спанџов.
Cuba Coffee во скопската чаршија е автентично место каде што може да испиете кафе „во боја“ кое ќе ви го сервираат со колаче или да уживате во некој коктел.
И на домот повремено му треба „освежување“. Некогаш е доволно да ставите барем еден нов елемент или да ја смените бојата во просторијата и тоа ќе го разигра веќе познатиот ентериер, ќе му даде нов изглед и душа.
На неколкуте ката и тесните премини и скали ќе откриете ѕидови натрупани со книги, полици со сувенири, еден куп уметнички слики, црно-бели фотографии кои го отсликуваат францускиот живот, фотографии од кралеви и кралици на Белгија, скулптури на Света Богородица и Исус, стрипови за Тинтин...
„Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходникот и бањите, целосно ги изработија мојот сопруг и свекор, без никаква помош. Ова можеби ни беше и најголемиот предизвик, бидејќи работата одеше побавно, но се помиривме со тоа“, вели Марија, која со семејството живее во стан со поглед кон Железничката станица во Скопје.
До неодамна, овој локал беше омилено место за новогодишни фотки, а сега плени со својот љубовен шарм...
„Дневната соба е срцето на домот, отворен простор поврзан со два ходника и отворена кујна. Скандинавското влијание е видливо насекаде - во дневната соба тоа е белата мермерна клуб маса, плетените корпи од трска исполнети со многу растенија, волнени теписи и ќебиња со крупни плетки, декоративни држачи за растенија од макраме и бои инспирирани од природата“, вели Тео Трпески за својот дом.
Корисници на Pinterest споделуваат фотографии од своите домови и како тие го уредиле балконот, кој сега има двојна намена: и кујна и балкон. Погледнете ги фотките и инспирирајте се.
„Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на сезоната. Во тоа време сопругата и децата беа на викендичката на планина, а јас само им се јавив за да им кажам дека почнувам со рушење и реновирање“, вели Иџе за CRNOBELO.com и откри детали за семејниот дом.
„Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сакавме да преовладуваат потемни тонови, има многу златни детали, но и украсни тикви кои ги изработуваме ние во слободно време“, вели Невена Григорова (28).
„Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје не беше тешка, имајќи ги предвид природата и чистиот воздухот овде. Скоро цела година го уредував станот, дел по дел. Од идеја до реализација сè е мое и одговара на мојот темперамент и начин на живот“, вели водителот Ване Маркоски и ни откри детали за својот дом во Сопиште.
„Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата и раскошот. Фокусот е на тепихот од природна кожа кој внесе рустикален шарм во просторот. Барокниот мебел со златни детали додава луксузен и елегантен допир, создавајќи чувство на величественост“, вели Маријана за уредувањето на семејната куќа во Штип.
„Оваа година се одлучив за природна елка со ситни лампиони. Дома секоја година ни е различно декорирано, со многу фантазија и мал милион идеи. Празнично, еуфорично, со светулки во златна боја…“, вели Драгана од Гостивар која направи вистинска новогодишна бајка во својот стан.
Домот на Моника Зец Медуњанин во Скопје е вистинска празнична инспирација...
„Веќе од средината на септември ја имам замислата за празнично украсување на домот. Дел од рачните изработки се моја идеја, а ги изработува сопругата. Си давам подолг период на подготовка за кога ќе дојде моментот за украсување...
„Oваа година салонот го претворивме во една божиќна кројачка работилница. Направивме елка во форма на женска креација, додека пак старата ретро машина за шиење од мојата баба ја претворивме во вистински новогодишен украс. Околу украсувањето се трудиме заеднички сите фамилијарно", вели Никола од Битола за CRNOBELO.com
„Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималистички стил каде ќе преовладува белата боја со црни детали и елементи од орев за да ја разбиеме монотонијата. Мебелот е направен по нарачка за просторот да се искористи максимално“, вели Христина за уредувањето на домот.
Новогодишната еуфорија ги зафати и локалите низ Скопје. Многу од нив се украсени и блескаат како во празнична бајка и воодушевуваат со изгледот. Дали сте ги посетиле?