На гости кај Ване Маркоски: Стан во Сопиште на 540m надморска височина во минималистички стил

„Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје не беше тешка, имајќи ги предвид природата и чистиот воздухот овде. Скоро цела година го уредував станот, дел по дел. Од идеја до реализација, сè е мое и одговара на мојот темперамент и начин на живот“, вели водителот Ване Маркоски и ни откри детали за својот дом во Сопиште.

FotoJet_copy.jpg

Телевизискиот и радио водител Ване Маркоски (36) од Тетово долги години живее во Скопје. На почетокот изнајмуваше станови под кирија и живееше со цимери, но повеќе од една година Ване има свој стан во населбата Сопиште. Станот е дел од комплекс згради кои имаат и свој базен.

Во неговиот дом има место за сè: за неговите три миленици, кучињата Аја, Буби и Смајли, за велосипедот кој често го вози за рекреација, за ситни детали кои го прават пријатно место за престој, но и за впечатливи уметнички дела кои му даваат топлина на минималистички уредениот простор.

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-11_copy.jpg

Ване вели дека најубавата работа поврзана со станот е што се наоѓа на голема надморска височина, а воздухот е чист дури и кога градот е загаден.

А, за тоа како го уредил домот и кое му е омиленото катче, Ване сподели со CRNOBELO.com:

„Станот во кој живеам има 63m2 со супер голема тераса, а се наоѓа во Сопиште, на околу 540m надморска височина.

Тука живеам веќе година и половина. Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје и не беше толку тешка, имајќи ја предвид природата и чистиот воздухот во мојата околина.

Во принцип сум човек кој сака спорт, планини, ладно време, па живеењето блиску до град, а сепак на планина, едноставно ми го промени животот.

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-02.jpg

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-09.jpg

Скоро цела година го уредував станот, дел по дел.

Од идеја до реализација, сè е мое и одговара на мојот темперамент и начин на живот.

Омилено катче во домот ми е терасата, и во лето и во зима. Утринското кафе на планина, со поглед на градот во облаци и природа на сите страни е нешто за кое се каам што сум го пропуштал овие години.

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-15.jpg

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-13.jpg

Во домот доминира белата боја. Иако е во минималистички стил, има детали кои го дополнуваат целиот изглед на просторот.

Кујната е во црна боја, но контраст даваат елементите во тиркизно-сина боја.

Црната одлично одговара во комбинација со едниот ѕид со тули, но и со лустерите и ролетните во станот.

Дрвените елементи, пак, ја комплетираат целата слика за станот.

na-gosti-kaj-vane-markoski-stan-vo-sopishte-na-850m-nadmorska-visina-vo-minimalistichki-stil-i-vpechatlivi-detali-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Латифа на баклава: Стан во скопски Сарај од 111m², со впечатливи бои и детали со тексту... „Празничната маса со мермерен принт и крем столици ја уредив со златни и жолти д...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
На гости во детската соба на Луциа (2): Македонци во Хановер направија совршено катче, со простор за... „За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFA...
Во домот на Ивана и Миро Кацаров: Стан од 120m2 во Пржино, со камин и црвен фрижидер (фото) „Спалната е удобна и мирна, со мек кревет, нежно осветлување и едноставни детали...

Најчитани неделава