Ако мислите дека не постои совршен хотел, кој ќе направи да се чувствувате како да сте на друга планета, се лажете и уште не сте слушнале за Niagara Falls Marriott Fallsview Hotel во Канада, со поглед на Нијагарини Водопади.
„Во домот имам по некое бохо парче, а најомилена ми е белата бохо лулашка во салонот. Двете кујни ни се многу слични, изработени од бел медијапан по нарачка, мермерни плочки и црна вградена техника, но во едната има црн мијалник, кој според мене е ‘must have’“, вели Тамара Ќимовска (27) за CRNOBELO.com.
„Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио или ателје, каде фокусот ќе биде современата уметност на ѕидовите, а мебелот микс на современ стил и винтиџ парчиња од 60-тите и 70-тите“, споделува Даниел Николовски (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
„Во станот преовладуваат темните тонови со акцент на сребрената боја, која асоцира на раскош и луксуз. Омилен детаљ во домот ми е сликата со крилја. Сјајните сребрени крилја на црна позадина зрачат со кул естетски шарм“, споделува Елена Деспотоска (24) од Тетово за CRNOBELO.com за уредувањето на својот дом.
„Времето поминато со семејството во периодот на празниците е бесценето, уживаме во заедничкото семејно китење на домот. Омилени простории во домот ни се кујната и детските соби“, споделува Розалиа Митрев (37) од Кавадарци за CRNOBELO.com.
„За себе можам да кажам дека сум доста креативна личност, а тоа сигурно го имам наследено од мојата мајка која има цвеќарница во Скопје и од ништо знае да направи нешто совршено. Омилен дел од станот ми е дневната просторија, во која на секои две седмици внесувам нова свежина со нови декорации, перничиња, свеќи, вазни и цвеќе“, споделува Ана Најдовска од Скопје, која моментално живее во Норвешка, а во изминатите 6 години живеела во 5 различни земји.
Си има некоја магија кога пиете салеп или пенасто кафе со цимет со поглед на елка со сијалички и ви е топло и пријатно како дома, зарем не?
„Благодарение на моите баба, мајка и тетка уште од најмали нозе сум научена дека семејството е на прво место, па затоа го обожавам празничниот период. За мене омилен дел е осмислувањето на концептот за китење (секоја година е различен), потоа купувањето на украсите и секако вклопувањето на истите во просторот“, споделува Ана Аргировска од Скопје за својот дом во Црниче.
Огромна елка „натоварена“ со џиновски мечиња е мевлем и за очи и за душа покрај брегот на Охридското Езеро.
„Го обожавам празничниот период затоа што е магичен и возбудлив, ни ја враќа вербата во убавите и добри работи и прави да веруваме дека магија постои. Украсените улици во Швајцарија ме потсетуваат кога пред 33 години дојдов во оваа земја и тоа токму во периодот на празниците, затоа и домот си го претворив во новогодишна бајка...“, споделува Бети Алексовска за CRNOBELO.com за својата семејна куќа на 3 ката.
„Островот е централниот момент на нашата кујна и дом и иако просторот не ни дозволуваше за поголеми димензии на овој елемент, сепак си направивме доволно простор за нашето утринско кафе да го испиеме во овој дел од станот и потоа секој да си продолжи со своите дневни обврски“, споделува Јулинда Гега Хоџа (30), архитект/дизајнер, за CRNOBELO.com за станот во кој живее со сопругот и двете дечиња.
Во Дојран има куќа која е толку убаво накитена што во вас ќе разбуди детска радост во овој магичен празничен период.
„Кога по 16 години живеење во куќа, одлучивме да се преселиме во стан, првото нешто во барањето ни беше да има голем дневен престој. Се навикнуваш на комоција и раздалеченост на мебелот и тоа заедно со голема кујна ти станува приоритет“, споделува Љубица Милосављевиќ од Скопје за станот во кој живее со сопругот Милош и децата Ања и Андреј.
„Идејата за стилот (неокласика) и целокупниот ентериер е моја во консултација со мојот сопруг. Имаме 4 спални соби или со други зборови 3 детски соби и една спална соба која ја делиме јас и мојот сопруг. Секоја спална соба има свое купатило. Идејата ми беше секој да си има своја приватност. За нас главен и многу практичен влез е оној преку гаражата, која е дел од подрумот“, споделува Сузана Бакреска (42) од Охрид за CRNOBELO.com.
„Стан тука, во гратчето Зул, многу тешко се наоѓа, буквално нерви изгубивме, но на крај се исплатеше, бидејќи овој стан ни е идеален за нас двајца. Имаме една соба, која е само со плакари, а јас ги обожавам уникатните детали што ги додадов“, споделува Зои Блаж, односно Зорица Матијашич (27) од Скопје за CRNOBELO, за станот во кој живее со сопругот, ракометар.
„Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на претходниот век - храбра, авангардна, колоритна, апстрактна и експериментална. Ме фасцинираат уникатни декорации, кои некогаш ги создавам сама, па така низ целиот стан имам закачени шарени скулптури“, вели Ангела Стефановска за уредувањето на нејзиниот стан во Скопје за CRNOBELO.com.
„Во уредувањето на новиот салон HairHouse најважно ми беше комфорноста и уживањето на моите клиенти. Си зацртав естетски критериуми кои просторот мора да ги исполнува, нормално, во комбинација со фунционалност на елементите“, споделува Дарко Петковски (32) за CRNOBELO.com за својот фризерски салон.
Ќе имате чувство дека сте во аквариум и дефинитивно нема да одолеете да направите барем една фотка. Локал кој е рај за интаграмџиите...