Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


На гости кај Ана: Светол стан на Македонка во Норвешка, родната земја на нејзиниот сопруг фудбалер (фото)

„За себе можам да кажам дека сум доста креативна личност, а тоа сигурно го имам наследено од мојата мајка која има цвеќарница во Скопје и од ништо знае да направи нешто совршено. Омилен дел од станот ми е дневната просторија, во која на секои две седмици внесувам нова свежина со нови декорации, перничиња, свеќи, вазни и цвеќе“, споделува Ана Најдовска од Скопје, која моментално живее во Норвешка, а во изминатите 6 години живеела во 5 различни земји.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-01.jpg

Ана Најдовска, има дипломирано на отсекот за странски јазици на ФОН, а од неодамна има ново хоби, а тоа е графички дизајн. Таа се запишала на курс и некако се пронашла во тој креативен свет, па започнала да изработува дигитални стикери, кои се сега достапни во нејзината онлајн продавница.

Бидејќи нејзините сопруг игра фудбал, во последните 6 години имаат живеено во 5 различни земји, па така смениле и повеќе станови/куќи како живеалишта.

Но, оваа зима конечно решиле да останат во Норвешка, кое е всушност и родното место на нејзиниот сопруг Чума и ќеркичката Оланна.

Интересно е што наскоро повторно ќе направат промена на домот во Норвешка, но тој стан велат дека ќе биде за подолго.

За уредувањето на нивниот дом во Норвешка Ана открива за CRNOBELO.com:

„Живееме во стан кој има доста хиге елементи, многу перничиња, украсни елементи и свеќи.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-21.jpg

Мора да признаам дека ова ми е омилен дел од годината, обожавам да декорирам, небитно дали е Божиќ, Велигден, Нова година… Јас навистина сериозно си ја сфаќам работата.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-15.jpg

Па, така цели 4 дена посветив на декорирање елка и комплетно на целиот стан.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-16.jpg

Преубаво е чувството кога сè е направено со многу љубов и мерак. За себе можам да кажам дека сум доста креативна личност, а тоа сигурно го имам наследено од мојата мајка која има цвеќарница во Скопје и од ништо знае да направи нешто совршено.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-10.jpg

Во станот најмногу ми се допаѓа тоа што преовладува природната светлина и белите ѕидови кои се препознатливи кај скандинавскиот стил на станови.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-12.jpg

Омилен дел ми е дневната просторија, во која секои две седмици внесувам нова свежина со нови декорации, перничиња, свеќи, вазни и цвеќе.

na-gosti-kaj-ana-svetol-stan-na-makedonka-vo-norveshka-rodnata-zemja-na-nejziniot-soprug-fudbaler-foto-22.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото) „Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио и...
На гости кај Розалиа: Семејна куќа од 110m2 во Кавадарци со детски соби со балдахини (фото) „Времето поминато со семејството во периодот на празниците е бесценето, уживаме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg