Ако ја сакате магијата на Санторини, а немате можност да одите таму, во Неос Мармарас на вториот крак се наоѓа бар кој е уреден во ист стил како островот и ќе ве телепортира таму, додека уживате во вкусен коктел.
„Официјално се преселивме во Орешани во пролетта 2021, откако по не знам кој пат ни се изменија плановите, но сега Орешани не го менуваме за ништо на светот. Имаме градина со малини, капини, рибизли, аронија, боровница и брусница, плус неколку видови јагоди, од кои шумските ми се омилени. Секоја година, покрај зачинските билки, садам и домати, краставици, пиперки, рукола, спанаќ. Идилата ја делиме со 3-те кучиња – Снупи, Морковче и Оревче, плус страчката Пилче“, раскажува Мила (42) од Скопје за CRNOBELO.com за домот кој го дели со сопругот Дарко.
Најзелениот ресторан во Унгарија ќе ви го нахрани не само телото, туку и душата... Вистинска оаза во срцето на Будимпешта.
„Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколоритен дел од станот е кујната со шарени ѕидни плочки. Омилен простор во станот ми е ѕидот во дневната соба со наши фотографии и слики“, вели Надица Димушевска Јовеска (33) за CRNOBELO.com за нејзиниот стан во Ново Лисиче.
„Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сите столбови, ќошиња и инсталации се мудро скриени. Нешто што многу ми се допаѓа е природниот камен што се наоѓа кај комодата во дневната соба“, вели Мартина Насева (20) од Виница за CRNOBELO.com за домот во кој живее со родителите и братот.
„Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употреба. Она што е специфично во мојот стан се библиотеката во дневната соба и винаријата, кои се осветлени со лед светло. Речиси цел стан ми е осветлен со лед светло, бидејќи уживам во таа придушена атмосфера“, вели Игор Митровиќ (32) за CRNOBELO.com.
Испуканата патека, кадифените столици, белата скала, старото рачно изработено буре и велосипедот на дедо Косте се само некои од украсите во овој локал, кои го доловуваат духот на 50-тите. Уникатно, зарем не? Плус Охридското Езеро на дланка...
„Кога баравме локација за дом на ум ни падна идејата: „А да бараме локација во некое село?“ За чудо со сопругот се согласивме во истиот момент, и на двајцата ни беше доста од сè во градот и сакавме мир, тишина, чист воздух, На крајот се одлучивме за село Бигор Доленци и не се покајавме, тука го има најубавото ѕвездено небо, здрава храна и спокој“, вели Николина Ангеловска (31) од Кичево за CRNOBELO.com.
„При украсувањето на домот се водам од мислата дека сакам да направам нешто што ќе биде посебно, уникатно и неповторливо, како што е секој Велигден во мојот живот. Го обожавам овој празник, а за декорација секогаш користам светли пастелни бои и пердуви“, вели Бети Алексовска за CRNOBELO.com.
„Пред 5 години кога го уредувавме празниот стан, се водевме по водечките трендови на студени и потемни бои и оттука избравме мебел во сива, сина, црна боја во комбинација на елементи од дрво. Но, во нашиот дом има топлина и насмевки и тоа ни е најважно“, споделува за CRNOBELO.com Јасмина Божиновска (26).
На сончев пролетен ден со студено пиво во рака во зеленило на мека фотелја, релаксирано како кај некој во дворче, звучи совршено, зарем не?
„Омилена работа во мојот дом ми е мирисот на кафето направено во мока за домашно еспресо, кое ме враќа на некое од многуте патувања низ Италија. Љубител сум на старински шолји послужени со многу приказни, а ги обожавам и комодите изработени од масивно дрво орев“ раскажува Рената Трајчевска (50) за CRNOBELO.com за уредувањето на нејзиниот дом.
„Станот се наоѓа во најцентралниот дел на Осло, и е мал, но премногу симпатичен, посебно откога го уредивме во тој препознатлив скандинавски стил. Со многу хиге елементи, детали, перничиња, вазни и свеќи...“, споделува Ана Најдовска од Скопје, на која Норвешка ѝ е дом, за CRNOBELO.com.
„Станот е купен со макотрпен труд, пот, работа и целиот е уреден по мои желби и правила. Ја одбрав розовата боја како нешто што ме отсликува мене. Сликата на татко ми е еден од главните детали во дневната соба“, споделува Стефанија Трајческа од Скопје за CRNOBELO.com.
„Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одлучивме во него да преовладуваат светли бои и топли тонови. Сакам свежи букети или саксиски цвеќиња бидејќи внесуваат свежина и радост во домот“, споделува Тања Митаноска (47), учителка од Охрид, за CRNOBELO.com.
Силен вкус, одлични зачини и коктел Маргарита... Бурито можеби или пак Начос чипс? Обожавате ли мексиканска храна? Ако е така, тогаш сигурно сте посетиле барем некој од овие локали, од кои поголемиот дел се во Скопје.
„Кога биравме стан најважно ни беше да биде пред сè на добра локација, светол и функционален. Моето омилено катче од станот се наоѓа во спалната соба, а тоа е „walk-in“ гардероберот. Како личност што обожава чанти, потпетици, капи и аксесоари овој гардеробер ми е остварување на соништата“, споделува инфлуенсерката Софија Јанева за CRNOBELO.com.
„Во домот имам колекција од 80 коњи и уште една од индијански предмети. Во ентериерот доминира зелената боја, но имам и виолетови и портокалови ѕидови, не го сакам сивилото на градот и станот си го направив релаксирачка оаза, но сепак најомилен ми е цветниот двор во викендицата во Катланово“, споделува Зоран Василевски познат како Зоки Фаци за CRNOBELO.com.