На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (фото)

„Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употреба. Она што е специфично во мојот стан се библиотеката во дневната соба и винаријата, кои се осветлени со лед светло. Речиси цел стан ми е осветлен со лед светло, бидејќи уживам во таа придушена атмосфера“, вели Игор Митровиќ (32) за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-01.jpg

Игор Митровиќ (32), по професија арт директор и графички дизајнер, со хоби музика, живее во стан од 65m2 во скопската населба Аеродром.

Во станот доминираат темните бои, а на Игор омилени му се винаријата, библиотеката и работната соба.

За CRNOBELO.com тој открива детали за уредувањетo:

„Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употреба. Живеам сам во стан од 65m2 во населба Аеродром.

Во Аеродром сум роден и израснат. Отсекогаш сум мечтаел да имам свој стан и да го уредам по мој вкус, како што јас сакам, и конечно ми се оствари тој сон.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-19.jpg

Станот располага со дневна соба, кујна и трпезарија, спална соба, гостинска соба, едно гостинско веце, еден тоалет и тераса.

Пред година и пол почнав да истражувам за како сакам да го уредам станот и контактирав дизајнер на ентериер и цела седмица собиравме и разменувавме идеи. Јас секако имав идеја како сакам да изгледа, но дизајнерот вешто и одлично си ја заврши работата.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-11.jpg

Со само неколку корекции од моја страна, успеа да ми го погоди точно мојот стил. Знаев дека сакам да биде модерен и урбан, минималистички стил, но сепак да го има тоа домашно чувство и топлина.

Внимавав на секој детаљ и секоја ситница. Станот го средував со толку многу љубов и ентузијазам, што немаше кој не го забележа тоа од тие што ме знаат, кога го видоа станот готов, среден.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-08.jpg

Сакав да се чувствувам убаво кога сум во ова мое катче, да го почувствувам веднаш како дом, а бидејќи работам од дома, поголемиот дел од денот го минувам дома.

Сакав да преовладуваат црната и сивата боја, но да се искомбинира со посветли бои за да не го затворат просторот, да се направи убава рамнотежа со сината боја, која воедно ми е омилена.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-12.jpg

Разбивме монотонија со неколку детали кои се во боја, но сепак во тон со целата палета на бои којашто преволадува во станот.

Мебелот во дневната соба е сив, масата е потемна сива нијанса на бои со црн метал долу, исто како и трпезариската маса, којашто е во тон со посветло сиви столици. Столиците на шанкот се во истата боја со столиците од трпезариската маса.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-04.jpg

Она што е специфично во мојот стан се библиотеката во дневната соба и винаријата, кои се осветлени со лед светло.

Љубител сум на убаво бело суво вино и виски, па секогаш си имам при рака кога сакам да се опуштам со по една чаша.

na-gosti-kaj-igor-mitrovikj-stan-od-65m2-vo-aerodrom-so-led-osvetluvanje-vo-site-prostorii-foto-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фо... „Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интере...
На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Давор - Dave’s Kitchen: Стан од 50m2 во Скопје, комплетно уреден со мебел од IKEA (фото...  „При уредувањето најголем акцент ставив на кујната со оглед на тоа што го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg