Рустична таверна со една маса во Охрид - со спектакуларен поглед на езерото, цвеќе и цитрусни детали (фото)

Испуканата патека, кадифените столици, белата скала, старото рачно изработено буре и велосипедот на дедо Косте се само некои од украсите во овој локал, кои го доловуваат духот на 50-тите. Уникатно, зарем не? Плус Охридското Езеро на дланка...

rustichna-taverna-so-edna-masa-vo-ohrid-so-spektakularen-pogled-na-ezeroto-cvekje-i-citrusni-detali-foto-01.jpg

Во Охрид постои таверна со само една маса и со спектакуларен поглед над Охридското Езеро.

„Tavola Bianca“ со својата уникатност и дворче со рурален шмек и многу, многу цвеќе е вистинско доживување.

Ќе можете да се наситувате на одлични вкусови, да наздравувате со чаша вино и да имате интимност само за себе и своите најблиски.

Сезоната официјално ќе ја отворат наскоро, но одвреме-навреме таму се одржуваат приватни настани.

За „Tavola Bianca“ ова ќе биде 4-та година по ред постоење, а нивното мото е една бела маса и многу радост.

За себе тие на Инстаграм велат: „Во срцето на Варош, заедно дишеме во духот на 50-тите и шармот на рустиката, скромно оплеменети со цветни и цитрусни детали.

Испуканата патека, дермиџаните, кадифените столици, белата скала, старото рачно работено буре и точакот на дедо Косте се само некои од украсите кои сведочат за 'тоа време'“.

Погледнете како изгледа ова уникатно место:

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото) „Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио и...
На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg