На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото)

„Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сите столбови, ќошиња и инсталации се мудро скриени. Нешто што многу ми се допаѓа е природниот камен што се наоѓа кај комодата во дневната соба“, вели Мартина Насева (20) од Виница за CRNOBELO.com за домот во кој живее со родителите и братот.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-01.jpg

Мартина Насева (20), студент на факултетот за архитектура и дизајн, живее во семејна куќа во Виница со нејзините родители и брат.

Во домот вели дека омилени ѝ се дневната соба и кујната, но го обожава и дворот со зеленило и многу дрвја.

За CRNOBELO.com таа споделува детали за уредувањето:

„Архитектурата ја сакам, исто како и модата, па проектот на куќата и нејзиното уредување го правев со помош на моите родители.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-02.jpg

Живеам во куќа со моите родители и мојот брат во Виница. Се одлучивме во куќата да преовладуваат светли бои и топли тонови. 

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-06.jpg

Сивата и белата боја лесно можат да се искомбинираат со други впечатливи тонови, па затоа ги одбравме нив.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-03.jpg

Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сите столбови, ќошиња и инсталации се мудро скриени.

Нешто што многу ми се допадна е природниот камен што се наоѓа кај комодата во дневната соба.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-07.jpg

Како и мермерот што се наоѓа на комодата и прозорците. Тоа ми е омилениот дел во куќата.

na-gosti-kaj-martina-semejna-kukja-vo-vinica-so-mermer-priroden-kamen-i-dvor-so-mnogu-drvja-foto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Јасмина и Дејан: Стан од 70m2 во Скопје со темни тонови и совршен поглед (фото) „Пред 5 години кога го уредувавме празниот стан, се водевме по водечките трендов...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...
На гости кај Анастасија: Стан од 90m2 во скопската населба Карпош 4 со многу дрво и топли тонови (фо... „Омилени детали ми се автентичниот ретро аналоген аудио систем сместен на интере...
На гости кај Тања: Стан во Охрид од 110m2 со застаклена тераса и многу цвеќиња (фото) „Уредувањето на станот го правевме заедно со сопругот. Па, така се одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg