На гости кај Рената: Дом со милјеа, класичен мебел, мирис на минатото и прекрасен поглед кон Водно (фото)

„Омилена работа во мојот дом ми е мирисот на кафето направено во мока за домашно еспресо, кое ме враќа на некое од многуте патувања низ Италија. Љубител сум на старински шолји послужени со многу приказни, а ги обожавам и комодите изработени од масивно дрво орев“ - раскажува Рената Трајчевска (50) за CRNOBELO.com за уредувањето на нејзиниот дом.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-01.jpg

Рената Трајчевска (50) по професија филолог по македонски јазик и јужнословенски јазици и италијанист, со сопругот, новинар по професија, и синовите на возраст од 22 и 18 години живее во стан во Скопје, со прекрасен поглед кон Водно.

Рената вели дека нејзина љубов е италијанскиот јазик и уште во студентските години започнала да работи како преведувач и потоа и на многу различни работни места, но секогаш поврзани со италијанскиот јазик, култура, начин на живот.

Па, така и нејзиниот живот своевидно почнал да заликува на една италијанска приказна. Таа се буди повеќе од 30 години со звукот и интензивниот мирис на кафето направено во мока за домашно еспресо во нејзиниот дом, кој постојано го реновира.

За CRNOBELO.com Рената открива детали за уредувањето на нејзиниот дом:

„Омилена работа во мојот дом ми е мирисот на утринското кафе, кој ме враќа на некое од многуте патувања низ Италија.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-21.jpg

Љубител сум на старински шолји послужени со многу приказни околу потеклото, комбинациите на чаршафите, милјеата од баба ми, сè околу мене мириса на минато, но јас гледам секогаш кон иднината, а живеам за сегашноста.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-02.jpg

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-22.jpg

Уште многу млада имав ретка можност да работам во една од најпрестижните фирми за мебел кои тогаш беа во зародиш во Македонија, а денес сè уште го држат приматот во модерното уредување со квалитетни италијански брендови, марки, производи.

Бев одговорна за увозот и одев на саеми за мебел во Милано секоја година и паметам кога ќе пристигнеа новите каталози и колекции и престижни списанија со светско реноме на кои беа претплатени моите директори, јас не можев да одолеам, ги прелистував, ги гледав, со часови пред да им ги внесат во канцеларија – ми мирисаа на нови можности.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-09.jpg

Иако сè што таму гледав, сето она со кое бев опкружена беше премногу скапо и ексклузивно, сепак во мојата визија како ќе изгледа мојот иден дом послужија за нешто и ми го изградија мојот стил, мојот личен печат, па така можам да речам дека јас со години низ дома не престанав да реновирам сè додека не го постигнав овој денешен, можам да речам баланс на удобно домување, кое ги задоволува моите критериуми и замисли за убав топол дом.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-07.jpg

Неретко сопругот ќе речеше, не зарем и ова лето повторно ќе реновираме?

Тоа траеше со години додека децата беа мали и имаше поинакви можности. Како пораснаа тие со нив и нивните апетити и така некако завршија моите проекти низ домот.

Искрено, само малку парчиња се купени како готов производ. Повеќето се нарачани да бидат изработени по наши желби и потреби. Јас сум љубител на безвременски парчиња кои се класични и ќе може лесно да се адаптираат во просторот и низ годините.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-13.jpg

Впрочем, сонував за кујна од масивно дрво, но поради финансиски причини и прескап проект морав да се задоволам со модерна, која искрена да бидам сосема се вклопи и ги задоволи сите мои барања.

Пресудно беше искуството на нашиот столар од доверба кој истовремено е и архитект, па ги послушавме сите негови сугестии, почнувајќи од аспект на функционалност до оние за играта со бои, па така бидејќи е долга во долниот дел е цела темнокафена, додека во горниот е капучино.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-15.jpg

Повторно, заради аспектот издолженост ја направивме цела на големи фиоки на извлекување и горните елементи на преклоп отворање.

Во кујната ме релаксира додека ги креирам моите утрински ритуали, несекојдневните италијански рецепти за типични италијански јадења благи или солени.

na-gosti-kaj-renata-dom-so-miljea-klasichen-mebel-i-miris-na-minatoto-foto-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg