„Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален простор, каде што модерниот урбан стил се среќава со зеленилото и мирот на градската периферија. Овој стан не е само место за живеење - тој е нашата приказна, израз на индивидуалност и стил, вистинско гнездо создадено со многу љубов, труд и внимание кон секој детаљ“, вели Елена Темелковска за уредувањето на нивниот стан во Скопје за CRNOBELO.com.
Да си седнете на чергичка, па да си каснете слатко од јаготки, откако претходно сте се заситиле со тазе домашна пита, ајварче и печени пиперки... Звучи совршено, зарем не? Овој ресторан ќе ве врати во едно минато и поубаво време.
„Кога некој првпат ќе влезе кај нас, првото нешто што го забележува е дека нема традиционални шалтери. Наместо да се соочат со гужви и редици, тие влегуваат во отворен и модерен простор. Вториот елемент што го забележуваат е нашата модерна 24/7 Зона која е срцето на просторот“, вели Снежана Атанасова, Координатор на филијали на ПроКредит Банка во регион Скопје.
Изберете си еден наслов, земете си книга во рака со вашето кафенце, а вашиот миленик нека ужива покрај вас слободно, звучи добро, зарем не? Шармантно кафуле во Скопје е уникатна приказна...
„Ја офарбав влезната врата розова и секогаш ме расположува кога ќе ја видам“.
Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски рај. Коктел под розова палма? Па, зошто да не!
Ако сакате да гледате совршено зајдисонце во модерна, но релаксирачка атмосфера, тогаш Karnagio Beach Bar во Лименас е совршен за вас.
Однадвор сè е изработено од камен и во рустичен стил, а внатре доминира медитеранскиот стил, со бел мебел и тиркизни и црвени детали.
На 80 километри од Скопје, покрај реката Бабуна, се наоѓа рибник со мовчиња, цвеќе, зеленило и катче за најмалите.
„Од дворот се гледа Охридското Езеро. Во еден дел има садници за кои се грижи мајка ми - сади компири, пипер, домати, краставици, пченка, грав, грашок, морков, буквално сè. А потоа, цела зима, јадеме од домашниот род“, вели готвачот Бранко Поповски за CRNOBELO.com, за семејната куќа во Вевчани.
„Деталите како отворените полици за ташни, скриените светла кои ги има насекаде, и огледалата кои се ширум цела спална соба - тоа сум дефинитивно јас. И да ви кажам една тајна - плакарите ми се толку големи што можеш да се изгубиш внатре“, вели водителката Ивана, која за CRNOBELO.com ги отвори вратите од својот дом.
Во ова живописно кафуле можете да си играте „Не лути се човече“ или тетрис, но и да си направите кул фотки за на Инстаграм.
„Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за одржување. Белата боја ја избрав како основа бидејќи создава чувство на просторност и чистота“, вели Ангела Бебекоска Главчев (28) за домот во кој живее со сопругот и двете ќерки.
Aко барате викенд дестинација во Македонија, тогаш овој ресторан покрај реката Треска е одличен избор...
„Пред 10 години со семејството одлучивме да купиме нешто во Охрид, а оттука и идејата моите родители да се преселат целосно во еден од најубавите градови во Македонија. Па, одлучивме тоа да биде направено онака мераклиски како за своја душа“, вели Давор Панчевски, кој живее во Скопје, но секој слободен миг го минува во Охрид.
„Најпосакувано парче во нашиот дом дури и пред тој да постои беше принт од уметничкото дело на Михаил Корубин „Touch“. Домот пред нашата ќеркичка беше чист, сега со неа е среќен“, вели водителката Александра Пановска Илиевска за уредувањето на нејзиниот дом за CRNOBELO.com.
„Сè што се гледа во мојот дом е рачно изработено или јас го имам лично преработено - од впечатливиот винтиџ мебел, амбиенталните ламби, декоративните ѕидови и уникатните украсни детали“, вели модната дизајнерка Ива Спасовска и ги отвори вратите на својот стан за CRNOBELO.com.
Совршено катче каде лулашката е во фокус. Модерно, урбано и впечатливо... Совршеното уредување на терасата на Перо и Ангелина Митаноски во Дојран.