Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото)
- Детали
- недела, 24 август 2025
Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски рај. Коктел под „розова палма“? Па, зошто да не!

Wi‑Ki‑Woo Boutique Hotel е еден од најфотогеничните хотели на Ибица.
Сместен е во местото Сан Антонио, второто најголемо населено место на островот Ибица, во Шпанија, одлично лоциран покрај залив и се гледа прекрасно зајдисонце оттаму.

Инстаграмџиките го обожаваат поради сите реквизити, од чадори и лежалки до пијалаци во розова боја.
Се наоѓа на само 50–100 метри од плажата Caló des Moro и 750 метри од центарот на Сан Антонио.

Хотелот, кој е само за возрасни, има навистина живописен амбиент и е совршен за фотографии.
Ако сакате релаксација под „розови палми“ со коктел во раката, тогаш е добар избор за вас.
Почувствувајте ја атмосферата:
Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело