На гости во една од најубавите банкарски филијали во Скопје - Погледнете го новиот Центар за работа со население на ПроКредит Банка
- Детали
- среда, 10 септември 2025
„Кога некој првпат ќе влезе кај нас, првото нешто што го забележува е дека нема традиционални шалтери. Наместо да се соочат со гужви и редици, тие влегуваат во отворен и модерен простор. Вториот елемент што го забележуваат е нашата модерна 24/7 Зона која е срцето на просторот“, вели Снежана Атанасова, Координатор на филијали на ПроКредит Банка во регион Скопје.

Кога ќе се спомене ПроКредит Банка на ум ни паѓа модерен начин на функционирање со работа по светски терк и задоволни клиенти.
Но, задоволни не само од брзиот и ефикасен начин на услуга, туку и од просторот во кој се дочекани.
ПроКредит Банка отвори нова филијала во Скопје, во населбата Кисела Вода, која слободно може да се нарече една од најубавите банкарски филијали во Скопје.
За уредувањето на овој современ простор проговоривме со Снежана Атанасова, Координатор на филијали на ПроКредит Банка во регион Скопје.
За идејата и реализацијата на овaa филијала, Снежана Атанасова споделува за CRNOBELO.com:
Раскажете ни накратко за идејата, инспирацијата и што е она што го прави вашиот нов Центар за работа со население во Кисела Вода поразличен од останатите банкарски филијали?
Идејата на ПроКредит Банка е едноставна – да им го олесниме пристапот до банкарството на луѓето. Да не биде тоа нешто комплицирано и бирократско, туку едноставно, брзо и корисно.
Овој Центар не е „уште една банкарска филијала“, туку место каде што клиентите ќе дојдат да добијат конкретна поддршка, совети по мерка и ќе излезат со решение за нивните финансиски потреби. Или пак, да завршат самостојно банкарска операција.
Иако сме пред сé дигитална банка и најголем дел од услугите можат да се завршат онлајн, знаеме дека понекогаш е потребен тој човечки контакт. Затоа имаме филијали на клучни локации низ земјата – да бидеме уште поблиску до луѓето. А, Кисела Вода ја одбравме баш затоа што е динамична, растечка општина, со многу семејства, млади и бизниси.
Она што го прави овој Центар поразличен, како и сите филијали на ПроКредит Банка, е токму комбинацијата на дигитализација и индивидуален пристап.

Што е првото нешто го забележуваат клиентите кога ќе влезат овде?
Кога некој првпат ќе влезе кај нас првото нешто што го забележува е дека нема традиционални шалтери. Тоа веднаш ја менува перцепцијата за банкарството. Наместо да се соочат со гужви и редици, тие влегуваат во отворен и модерен простор. И секако, нашите харизматични колеги кои се секогаш расположени и спремни да помогнат.
Вториот елемент што го забележуваат е нашата модерна 24/7 Зона, која е срцето на просторот. Дизајнирана е да биде достапна и лесна за користење. Овој дел од експозитурата е опремен со најсовремени банкомати кои им овозможуваат на клиентите самостојно да вршат банкарски операции како што се: уплата и исплата на готовина, како и внесување на дневен промет во “drop box” сеф. Исто така, единствено во ПроКредит клиентите можат да вршат уплата и исплата на евра директно на нашите банкомати, без потреба да чекаат ред во менувачница.
Клиентите имаат целосна флексибилност и можат овие банкарски операции да ги вршат во кое било време, без разлика дали е тоа ден, ноќ, празник или викенд, без да зависат од работното време на филијалата.

И токму бидејќи рутинските трансакции се префрлени во 24/7 Зоната, нашите колеги имаат повеќе време да се посветат на клиентите. Наместо класичен „шалтерски пристап и банкарски службеници” советниците за клиенти се тука да ги разбираат потребите на клиентите со цел да им понудат вистинско решение. Процесите се поедноставни и побрзи, а со клиентите градиме долгорочни партнерства.
Како успеавте да создадете простор што е и модерен и пријатен? Колку беше предизвикувачки да се спои практичноста со естетиката? Има ли елементи на одржливост?
Kога го креиравме просторот, размислувавме на тоа луѓето да се чувствуваат добро и истовремено да биде практично. Не сакавме да влезат и да си помислат: „Еве уште една безлична институција со формалности“. Не, ние сме поинакви. Како банка, сме достапни, пријатни и човечни – и тоа го кажува и самиот простор.
Се потрудивме да споиме практично со убаво – минималистички дизајн, неутрални бои, природни материјали и свежи цвеќиња за кои се грижиме секој ден. Сè е избрано со идеја да создаде мирна, пријатна атмосфера. И тоа не важи само за клиентите – и нашите колеги го чувствуваат тоа. Наместо да бидат затворени зад шалтер, нашите вработени се таму, до клиентите, спремни да им помогнат.
Тоа што е додадена вредност на Центарот за население е и елементот на одржливост, кој е исто така многу важен дел од нашата стратегија. Користиме еколошки градежни материјали, енергетско ефикасен систем за греење и ладење, LED осветлување и секако во нашето секојдневно работење користиме 100% рециклирана хартија. Дополнително, пристапниот влез и ентериерот се адаптирани за потребите на лица кои користат инвалидска количка, во согласност со нашата заложба за инклузивност и еднаков пристап за сите клиенти. Ова е само дел од нашата поширока посветеност на одговорно банкарство.
Која е вашата порака до жителите на оваа населба и сите што ќе ја посетат новата експозитура?
Дојдете и уверете се дека банкарството може да биде едно поинакво искуство – модерно, ефикасно и целосно прилагодено на вашите потреби.
За таа цел, подготвивме и специјална понуда за клиентите што ќе ја посетат новата експозитура во Кисела Вода до крајот на годината. Во таа насока, сите физички лица кои ќе отворат сметка во оваа филијала во периодот до 31.12.2025 ќе добијат бесплатно одржување на сметка, електронско и мобилно банкарство и бесплатни интерни трансфери во првите 12 месеци. Ова е нашиот начин да им се заблагодариме на жителите за нивната поддршка и да ги поканиме да станат дел од нашето семејство.
