Локал со душа, винтиџ нота, но и чувство на едно поинакво Скопје. Културно Скопје, со добар вкус за музика и урбана младина. „Градот убав пак ќе никне“, пишува таму, а изгледа и вистина е.
Ако сакате необично искуство и сте вљубеници во животните, ова кафуле e совршениот избор за вас. Со ентериер обоен во розово и питоми зајчиња, испиеното кафе таму долго ќе го паметите.
Се наоѓа во центарот на Мадрид на врв од хотел и нуди панорамски 360° поглед на целиот град. Совршено е на зајдисонце...
„Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна атмосфера, додека некои нежни детали внесуваат чувство на топлина и удобност. Архитектот при уредувањето ни помогна со одлични идеи“, вели Драгана Илиески (25) од Скопје за домот каде живее со сопругот Антонио.
„Куќата, каде што е роден татко ми, е изградена во 1926 година од камен, цело време е одржувана до некаде 2015 година кога татко ми реши да ја реновира, да промени кров, а потоа јас му се посветив на дворот и сега таму е мојот рај“, вели Тоше Танески од Струга, гитарист во бендот Балкан Џем.
„За да го задржиме слободниот простор на средина, се одлучивме за системот TROFAST од ИКЕА, со тоа што освен што добивме многу простор за складирање, од горе монтиравме и како биро кое служи како маса, подлога за цртање, редење и други активности“, вели Никица Ацева, мајката на Луциа, за уредувањето на нејзината соба.
„Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на паркет, светло, боите не ѕидовите, нарачка на целиот мебел, каде да има огледала. Кога му кажав на архитектот дека сакам када во дневната, ме праша неколкупати дали сум сигурна“, вели Љупка Митрова за CRNOBELO.com за станот кој го уредувала со многу љубов.
„Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се поклон од мајка ми – едниот е првото нешто што го извезла, лустерот што беше на моите родители го реставрираше мојот сопруг, а тука е и украсниот кристал кој е редок квалитет“ – вели Павлина од Битола за CRNOBELO.com.
Од вкусни пити до скара, таму ќе уживате во наши традиционални рецепти, среде прекрасна природа со поглед на планини и полјани, а со кратка прошетка ќе стигнете и до езерцето Калин Камен.
„Има мајстори кои те потценуваат зашто си жена. Ти објаснуваат како „треба“, ти им даваш шанса, уредно договараш - и на крај испаѓа дека е погрешно направено. Потоа бараш други да ја поправаат нивната грешка. Имаше и такви што мислеа дека ако си сама, си и „слободна“. Сум видела сè. Но трпението мое немаше крај“, вели Марија-Магдалена за CRNOBELO.com.
Зеленило, традиционални даски со домашно ајварче и козји кашкавал, тазе зеленчук и чист воздух... Звучи како добар викенд план, зарем не?
Колачот можеби не ги решава проблемите, ама те прави посреќен. Плус, во комбинација со кафе е најубавата формула за разубавување дури и на најсивиот ден во Скопје.
„На мојата елка, која е стара 8 години, најголемо значење имаат трите лампиони со имињата на моите внуци — Маја, Ѓорѓи и Матеј. Тие се најнежниот дел од елката и најголемата радост во срцето“, вели Пале Стојанова од Струмица.
„Главната цел беше да се постигне просторност и комоција, практичен дом во којшто многу брзо ќе се одржува хигиената, без непотребни предмети. Светлината влијае на среќата, затоа ѕидовите се бели, подот е без килими, а има многу прозорци. Играчките за бебето се од природни материјали во пастелни бои“ - вели Росица Атанасова за CRNOBELO.com.
„Убедливо тврдам дека нема поубав период во годината од овој. За време на празниците, домот станува место каде сè е блескаво и прекрасно“, вели Александра Стојанова Ѓорѓиоска (34), одделенски наставник, од Скопје.
„Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана место за пауза од секојдневието, зелена терапија и највисока концентрација на мир по метар квадратен. Има нешто навистина магично во тоа да ставиш на трпеза тиква, морков или зачин што сам си ги одгледал“, вели Лина Ламбринидис (28) за CRNOBELO.com.
„Во нашиот дом ставаме многу новогодишни елки, поточно во секоја соба, за да има повеќе простор под крошните каде Дедо Мраз ќе ги остави подароците“, вели мајката на Галена Илијоска (11).
„Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внатрешниот дел, имавме малку поголема пауза кога се разболе нашата ќерка Тара. Две години запре сè за нашето семејство, па така и викендичката беше на последно место. Но, сега се финализираше и жал ми е што само баба ми и дедо ми не дочекаа да ја видат“, вели Христина Пан (36) за CRNOBELO.com.