На гости кај малата модна инфлуенсерка Галена: Куќа во Скопје, која во секоја соба има новогодишна елка (фото)
- Детали
- вторник, 23 декември 2025
„Во нашиот дом ставаме многу новогодишни елки, поточно во секоја соба, за да има повеќе простор под крошните каде Дедо Мраз ќе ги остави подароците“, вели мајката на Галена Илијоска (11).

Галена Илијоска (11) е наша мала модна инфлуенсерка (@sheisgaga), која ги обожава празниците, а заедно со нејзината мајка ставиле елки во секоја соба од нивниот дом во Скопје.
Мајката на Галена за празничната еуфорија во нивниот дом за CRNOBELO.com вели:
„'Нова Година, се разбира, ќе стигне и кај оние кои не ја чекаат, меѓутоа целата магија е во чекањето', се зборови на Балашевиќ со кои во целост се согласувам.

Дома, сакаме новиот почеток и Христовото раѓање да ги дочекаме во посебна празнична атмосфера.

Длабоко верувам дека празниците се во нас самите, но магијата е поголема ако е дополнета со светилки, новогодишни фигури, зимски цветови, плишани панделки...

И да, многу новогодишни елки, за да има повеќе простор под крошните каде Дедо Мраз ќе ги остави подароците“.



Прочитајте и Девојче (10) од Скопје е мала модна инфлуенсерка, а секој роденден има тематски аутфит - изработен од тетка ѝ
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
