Руфтоп бар во Мадрид со стаклена платформа и мост - можете буквално да „одите над градот“ (фото)

Се наоѓа во центарот на Мадрид на врв од хотел  и нуди панорамски 360° поглед на целиот град. Совршено е на зајдисонце...

ruftop-bar-vo-madrid-so-staklena-platforma-i-most-mozhete-bukvalno-da-odite-nad-gradot-foto-01.jpg

Локалот „360º Rooftop Bar“ се наоѓа во рамки на хотелот „Riu Plaza España“ во центарот на Мадрид.

Овој руфтоп бар се наоѓа на 27-ми кат од хотелот  и нуди панорамски 360° поглед на целиот Мадрид.

Тој е еден од најпопуларните руфтоп барови во градот, па што го прави посебен?

Стаклена платформа и мост – можете буквално да „одите над градот“. Ова е многу популарно место за фотографии.

Се наплаќа влез ако не сте гостин во хотелот, најчесто 10 евра (работни денови, денски 5 евра).

Со билетот имате пристап до сите зони, а најубаво е да појдете на зајдисонце.

Ако сакате помирна атмосфера одете во работни денови преку ден, во текот на викендите се чекаат редици.

Почувствувајте ја атмосферата:

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Мандар и Дариа: Дуплекс стан во Дебар Маало со впечатлива жолта гарнитура (фото) „Моето омилено катче е жолтата гарнитура во дневната соба, а омилениот дел на мо...
Розов хотел на Ибица е рај за инстаграмџики - како куќата на Барби во реалноста (фото) Ова е еден од најфотографираните хотели на Ибица и е вистински инстаграмџиски ра...
Во новогодишно украсениот дом на „прилепското чупе“ – елка со панделки и семејни фотки наместо лампи... „Оваа година решивме нашата елка да ја украсиме само со панделки и фотографии за...
Кул шарено кафуле во Старата скопска чаршија - со друштвени игри, „океанско“ макијато и совршени ќош... Во ова живописно кафуле можете да си играте „Не лути се човече“ или тетрис, но и...
Кул кафуле со црвен ентериер и париски шмек во центарот на Скопје (фото) Во центарот на Скопје има мал урбан локал, обоен во црвено, кој е вистински инст...
Кул локали: Најрозовата и најинстаграмџиска слаткарница во Скопје (фото) Од розов кафемат до многу розови мечиња и вработени облечени во розовo, тука зад...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg