Во новогодишно украсениот дом на „прилепското чупе“ – елка со панделки и семејни фотки наместо лампиони (фото)
- Детали
- петок, 12 декември 2025
„Оваа година решивме нашата елка да ја украсиме само со панделки и фотографии затоа што сакавме да ја направиме полична, топла и полна со спомени. Сликичките се претежно од Марија – моменти од нејзиното растење, нејзините најубави насмевки и мали успеси, а украсуваме заедно со неа“ - вели за CRNOBELO.com мајката на 5-годишната Марија, позната како прилепското чупе.

Марија Керпичоска (5) на Инстаграм е позната како „прилепското чупе“, а од мали нозе веќе е мини инфлуенсерка.
Таа сака да се дотерува и да позира, а неодамна сподели и забавно видео како со магично стапче семејниот дом се претвора во новогодишна бајка.
Нејзините родители за CRNOBELO.com испратија повеќе фотки од празничното украсување на домот во Прилеп.
На големата елка, оваа година, наместо лампиони има црвени панделки и многу Полароид фотографии од ќеркичката, а наоколу има повеќе Дедо Мразовци и украси наредени на полици.

Мајката на Марија за CRNOBELO.com вели:
„Оваа година решивме нашата елка да ја украсиме само со панделки и фотографии затоа што сакавме да ја направиме полична, топла и полна со спомени.
Панделките ни даваат убав, нежен изглед, а сликичките се претежно од Марија – моменти од нејзиното растење, нејзините најубави насмевки и мали успеси.

Украсувањето го правиме заедно, бидејќи за Марија тоа е најомилен дел од декември.
Таа секоја година со голем ентузијазам ја става првата панделка, а најмногу се радува кога си го избира местото за својата омилена фотографија.

Во домот најголема магија ни создаваат светилките, мирисот на празничните свеќи и моментите кога седиме заедно и гледаме новогодишни цртани.
Марија веќе напиша писмо до Дедо Мраз и го стави покрај елката – ова ѝ е омилен дел, бидејќи верува дека Дедо Мраз прво гледа каква е елката украсена.

Кај нас празничната атмосфера е многу важна, бидејќи сакаме Марија да расте со убави спомени и чувство на топлина, блискост и семејна традиција.
Ова време од годината ни е најубаво бидејќи е исполнето со детска радост и многу љубов“.

Повеќе фотографии:







©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело