На гости кај Ивана: Совршена детска соба со тема „шумска бајка“ во куќа во Скопје (фото)

„Со оглед на тоа што собата е на поткровје и има кос плафон ќе беше голема штета да не ја искористевме највисоката страна за нешто на две нивоа. Композицијата низок кревет и платформата за игра се фокусна точка и наш омилен дел во собата“, вели Ивана Лазаровска од Скопје за уредувањето на собата на нејзината ќеркичка.

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-01.jpg

Ивана Лазаровска (28), по професија дизајнер за внатрешно уредување, живее со сопругот Кристијан и ќеркичката Мила во семејна куќа во Скопје.

Омилен дел од домот ѝ е детската соба на Мила, која со задоволство ја уредувала.

За CRNOBELO.com Ивана споделува детали од процесот:

„Мора да признаам дека уредувањето на детската соба за мојата ќерка - Мила која моментално е годинка и пол – тодлер , ми е еден од најдрагите проекти на кои сум работела досега.

 na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-03.jpg

Главна цел ни беше да креираме простор кој ќе зрачи со ведрина, нежност, светлина и топлина, затоа изборот во однос на колорит и матeријали беа белата боја во комбинација со дрво декорот.

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-18.jpg

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-08.JPG

Tоа е една безвременска комбинација, одлична основа за игра со декоративни компоненти кои го градат карактерот на собата.

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-11.JPG

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-10.JPG

Изборот на тапетот e нежна шумска бајка со светли колор тонови со цел да се постигне една позитивна околина за детето која смирува, инспирира, буди емпатија и ја поттикнува детската фантазија.

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-02.JPG

na-gosti-kaj-ivana-sovrshena-detska-soba-so-tema-shumska-bajka-vo-kukja-vo-skopje-foto-19.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

7 урбани кафеани во Скопје (со посебен шмек) Начинот на кој ја сервираат храната и сето зеленило во Ботаника, свирките во Рус...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...
На гости кај Ирена: Стан од 97m2 со ѕид од природен камен, библиотека и лулашка на терасата (фото) „Во овој стан живееме веќе 3 години и уживаме буквално во секој агол, затоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg