Скриен ресторан покрај канал во Венеција со најубавиот поглед во градот - хит на Инстаграм (фото)

Ресторан на „тајна“ локација, во кој има само една скриена маса за да уживате во интимноста, а пред вас ќе има совршен поглед кон Венеција. Со кого би го посетиле ресторанот Ai Barbacani за да ја искусите убавината на градот?

skrien-restoran-pokraj-kanal-vo-venecija-so-najubaviot-pogled-vo-gradot-e-hit-na-instagram-foto--povekje.jpg

Сам по себе, Венеција е град како никој друг – бројните канали, гондолите, интересните мовчиња и прекрасните градби се сосема доволни да ве фасцинираат. 

Сепак, во Венеција можете да најдете и бројни локали кои се истакнуваат над сè што сте виделе.

Токму ваков е ресторанот Аi Barbacani кој е скриен од метежот на градот и го нуди можеби најубавиот поглед во Венеција.

Во ресторанот има маса сместена пред огромен прозорец кој гледа на каналот Санта Марија Формоза и е на речиси исто ниво како водата во него.

View this post on Instagram

A post shared by No Limit Ideas (@nolimitideas)

Кога ќе седнете на масата, пред вас се гледаат дел од каналот, две мовчиња и неколку градби, а бидејќи е понастрана од центарот на градот, можете да бидете сигурни дека ќе уживате во интимна атмосфера.

Градбата во којашто е сместен ресторанот е многу стара и порано се користела како продавница за јаглен. Во ресторанот е зачуван дел од стариот ентериер, што придонесува за неговиот шарм.

https://www.instagram.com/p/CW05x6dMHwO/

Ресторанот, односно масата сместена покрај самиот канал, е вистински хит на Инстаграм, а фотките во продолжение ќе ви покажат зошто:

https://www.instagram.com/p/CXb9qi0s_ET/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Крива Паланка е вистинска есенска бајка со хризантеми и украсни тикви (фото + видео) Со доминација на хризантеми во различни бои, украсни тикви и сушена пченка, сите...
Магичен бар покрај море во Неос Мармарас во кој ќе се чувствувате како на Санторини (фото) Ако ја сакате магијата на Санторини, а немате можност да одите таму, во Неос Мар...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...
Тајно кафуле во срцето на Солун со винтиџ детали и многу цвеќе (фото) Oва необично кафуле-цвеќарница, кое е скриено од погледите на минувачите, а сепа...
Илија од беровско има двор со 500 растенија - вистинска мини оаза: „Случајните минувачи се воодушеву... „Во ова минијатурно катче внимателно се подредени околу 500 различни убавици, а ...
Кој е локалот во кој се прават најубави фотки за Инстаграм во Виена? Ако патот ве одведе во Виена, особено во празничните денови, посетете го Onyx, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg