Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Архитект 06-10-2022


На гости кај Еми и Јасмин: Еклектичен стан во Скопје со камин како од француски замок (фото)

„Постоењето на сентиментална вредност во просторот за мене е предуслов за топол дом, и затоа сингерицата (стара машина за шиење) и кристалните вазни на баба ми имаат централно место“, раскажува Емилија Еггер (34), Доктор на науки и универзитетски професор.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-01.jpg

Емилија Еггер (34), Доктор на науки и професор на Скопје Метрополитан Колеџ, со својот партнер Јасмин живее во стан од 60m2 во скопската населба Карпош 3.

Просторот е совршено уреден со уникатни и винтиџ детали.

За уредувањето на нивниот дом Еми споделува за CRNOBELO.com:

„Екцентричноста и разноликоста отсекогаш ми биле голем дел од животот, па така и станот во Карпош 3 од 60m2 не беше поштеден.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-02.jpg

Кога почнавме да го уредуваме се водевме исклучиво по нашиот стил, вкус и желба, не црпевме инспирација од социјални мрежи, Пинтерест или пак што е модерно во моментот.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-04.jpeg

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-01.jpeg

Станот има многу детали во кои и се состои и целата еклектика на просторот, каде и да седенете од секој агол доживувањето е различно.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-06.jpeg

Постоењето на сентиментална вредност во просторот за мене е предуслов за топол дом, и затоа сингерицата (стара машина за шиење) и кристалните вазни на баба ми имаат централно место.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-02.jpeg

Многу сакам зеленило и станот го красат преку 30 различни видови на цвеќиња и истите се апсолутен погодок кога станува збор за еклектичен простор.

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-05.jpeg

na-gosti-kaj-emi-i-jasmin-eklektichen-stan-vo-karposh-so-kamin-kako-od-francuski-zamok-foto-08.jpg

Продолжува на следната страна....



Би можело да ве интересира:

На гости кај Љупка: Стан во Струмица од 140m2 со луксузни детали во сребрена боја (фото) „Од шивачките машини на баба ми направив трпезариска маса на која сум горда, а о...
На гости кај Јована: Стан во Скопје со бели кујнски апарати и впечатлива маса од масивно дрво (фото) „Кујната е изработена од бел мат медијапан по нарачка со бела вградена техника, ...
На гости кај Ивана: Совршено уредено поткровје од куќа во Прилеп, со непречен поглед кон градот (фот... „Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. Поткровјето го почн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg