На гости кај Ивана: Совршено уредено поткровје од куќа во Прилеп, со непречен поглед кон градот (фото)

„Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. Поткровјето го почнавме баш од почеток. Беше само изѕидано, без преградени соби и предизвикот беше навистина голем. Од старт единствено нешто што знаев и бев одлучна беа боите. За сè друго одлучувавме заедно со сопругот...“, вели Ивана (31) од Прилеп за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-01.jpg

Ивана (31), по професија економист, со семејството живее во поткровје од куќа во Прилеп.

Вели дека омилено ѝ e да мести и преместува дома.

За уредувањето на нејзиниот дом, Ивана споделува за CRNOBELO.com:

„Катот од куќата си го викам мое поткровје, направено е на 4-ти кат од куќата и е баш поткровје. 

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-18.jpg

Колку и да пишувам и раскажувам како го средивме просторот по наш вкус, да бидеме реални никогаш не е сè готово.

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-04.jpg

Според мене, секогаш нешто ќе недостасува и нешто е останато за да се доврши, посебно кога станува збор за куќа. 

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-14.jpg

Домот ни е лоциран точно под Марковите Кули во Прилеп. 

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-16.jpg

Нешто во кое најмногу уживам е токму погледот кој што го имаме од дневниот престој.

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-13.jpg

Поткровјето го почнавме баш од почеток. Беше само изѕидано, без преградени соби. Беше навистина голем предизвик.

na-gosti-kaj-ivana-sovrsheno-uredeno-potkrovje-od-kukja-vo-prilep-so-neprechen-pogled-kon-gradot-foto-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото) „Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg