Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


На гости кај Сандра: Стилски уредена куќа во Скопје со маслинови дрвца и бохо детали (фото)

„Кујната е со црни вградливи елементи, црн гранитен мијалник и скриен фрижидер. Дневниот простор е сончев преку целиот ден, а тоа е совршено за нашите растенија и неколку дрвја со маслинки, кои особено ги сакаме...“, открива Сандра Мрчковска Гавриловска од Скопје за нејзиниот дом во кој живее со сопругот.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-01.jpg

Сандра Мрчковска Гавриловска од Скопје со сопругот живее во совршено уредена семејна куќа од 70m2.

Во уредувањето на домот преовлауваат белата и сивата боја, но има и детали во темно сина боја, како и бохо детали од дабово дрво, јута, лен.

Сепак, највпечатлив дел се дрвцата маслинки низ домот, кои му даваат уникатен шмек.

За уредувањето на домот Сандра открива за CRNOBELO.com:

„Замислата со сопругот за тоа како треба да изгледа внатрешното уредување во почетокот ни беше сканди минимал во бело сива комбинација, па така и почнавме.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-07.jpeg

Со текот на времето од минимализам премина во бохо сканди.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-10.jpg

Просторот е сончев преку целиот ден, а тоа е совршено за нашите растенија и неколку дрвја со маслинки, кои особено ги сакаме, па може да се каже дека тие се омилени детали во куќата. 

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-24.jpeg

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-19.jpeg

Мебелот во целата куќа, односно кујна, спална, купатило, комоди, вградени плакари се правени по мерка од бел медијапан, додека пак трпезариската и клуб масата се осмислени од сопругот и исто така направени по нарачка.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-09.jpeg

Кујната е во комбинација со црни вградливи елементи, црн гранитен мијалник и скриен фрижидер.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-17.jpeg

Во спалната има простор за експериментирање во изборот на бојата на еден од ѕидовите, па моментално тој е во темно зелена боја, која секако одговара со белите плакари и спална и деталите од беж боја.

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-12.jpeg

vo-domot-na-sandra-odlichno-uredena-kukja-vo-skopje-so-drvca-maslinki-i-boho-detali-foto-11.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Даниел: Стан во срцето на Дебар Маало со впечатлива кујна и поглед кон Водно (фото) „Идејата зад станот беше да се создаде атмосфера на уметничко студио и...
На гости кај Љубица и Милош: Стан во Капиштец со широка дневна соба и разиграна детска соба (фото) „Кога по 16 години живеење во куќа, одлучивме да се преселиме во стан, прво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg