На гости кај Никола: Стан во Скопје со Halloween украси, „направи сам“ камин и многу цвеќиња (фото)

„Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа насочени кон Halloween. Омилено катче ми е аголот во дневниот простор со DIY каминот кој секоја сезона добива соодветна декорација. Балконот ми е исполнет со цвеќиња, кои за жал моето маче Симба обожава да ги грицка“, споделува Никола Блажевски (29) за својот стан од 60m2 во скопската населба Кисела Вода.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-01.jpg

Никола Блажевски (29), вработен во Центар за обука по Прва помош при Црвен крст на град Скопје, живее во стан од 60m2 во населбата Кисела Вода во Скопје.

Хоби му е изработка на DIY (направи сам) проекти и негово дело се каминот во станот, тиквичките за Halloween, куќичката за мачето, клупата и масата на балконот и други детали во неговиот дом.

Обожава просторно уредување, организирање на настани, аранжирање на цвеќе и фотографирање. За себе вели дека има чувство за естетика, око за детали и пасија за фотографија.

За уредувањето на домот, но и тематското украсување за Halloween, Никола открива за CRNOBELO.com:

„Скоро секоја сезона подготвувам по еден настан. Така оваа есен подготовките беа насочени кон Halloween.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-02.jpeg

Традиционално веќе трета година со друштвото ја обележуваме „Ноќта на вештерките“, иако овој ден не е толку многу популарен во нашето поднебје.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-04.jpg

Сè започнува скоро еден месец претходно со собирање инспирација и подготвување на концептот за тоа што и како ќе се сервира, декорира, изработи и набави за тематската вечера.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-05.jpeg

Оваа година на трпезата покрај купените декорации и реквизити, свое место си добија и DIY тиквичките, кои ги изработив од ткаенина, памук и коноп, и ги поставив во секоја чинија.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-09.jpeg

Покрај сезонските настани, се грижам за повеќе од 20 салонски цвеќиња и кактуси низ целиот стан.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-22.jpeg

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-21.jpeg

Заедно со ентериерот, тие додаваат посебен амбиент и чувство на поврзаност со природата кои ми се важни за квалитетно и балансирано секојдневие.

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-24.jpeg

na-gosti-kaj-nikola-stan-vo-skopje-so-halloween-ukrasi-i-napravi-sam-kamin-foto-23.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ангела: Стан од 60m2 во Капиштец, со кујна во пастелно зелена боја и уникатни декорации... „Како архитект секогаш сум инспирирана од геометријата и модерната уметност на п...
На гости кај Валентина: Стан во Прилеп од 89m2 со многу огледала и семејни спомени (фото) „Во овој стан живеам 18 години и досега сум го преуредила че...
На гости кај Николина во Германија: Дом на Битолчанка со прозорци под плафонот и поглед кон зеленило... „Станот е 70m2 и се наоѓа во центарот на градот, на приземје, но со посебен влез...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg