Илија од беровско има двор со 500 растенија - вистинска мини оаза: „Случајните минувачи се воодушевуваат од убавината“

„Во ова минијатурно катче внимателно се подредени околу 500 различни убавици, а доминантни се кактусите“ – вели за CRNOBELO.com Илија Брндевски од беровско, кој сосема сам успеал да направи мала оаза со голем број природни растенија во селото Ратево, покрај жуборливата Ратевска река.

ilija-od-berovsko-ima-mini-oaza-so-500-rastenija-sluchajnite-minuvachi-se-voodushevuvaat-od-ubavinata-01.jpg

Кога ги гледате фотографиите од оваа мала оаза, просто не можете да поверувате дека таа се наоѓа во Македонија.

Илија Брндевски (30) за читателите на CRNOBELO.com сподели нови фотографии од неговата колекција кактуси и растенија собрани во неговата оаза.

ilija-od-berovsko-ima-mini-oaza-so-500-rastenija-sluchajnite-minuvachi-se-voodushevuvaat-od-ubavinata-15.jpg

Далеку од метежот и вревата, оазата на Илија се наоѓа во село Ратево, беровско, во непосредна близина на жуборливата река.

ilija-od-berovsko-ima-mini-oaza-so-500-rastenija-sluchajnite-minuvachi-se-voodushevuvaat-od-ubavinata-02_copy.jpg

Малата оаза на Илија се протега на површина од 33m2, а нејзината убавина го привлекува вниманието на секој случаен минувач, но и на луѓето на социјалните мрежи кои имале можност да погледнат дел од неговата импресивна колекција.

„Во ова минијатурно катче внимателно се подредени околу 500 различни убавици, а доминантни се кактусите.

Секое си раскажува своја приказна и жубори заедно со реката, го привлекува окото на секој случаен минувач и воодушевува со својата прекраснотија.

ilija-od-berovsko-ima-mini-oaza-so-500-rastenija-sluchajnite-minuvachi-se-voodushevuvaat-od-ubavinata-03.jpg

Овде, во оазата и милениците се среќни и како заедно со преубавите цвеќиња да ја чинат приказната за местово целосна.

Секое утро е посветло, а секоја ноќ поблескава кога сиот раскош на природата е собран во едно мало кутивче со безброј убавини“ – вели Илија.

ilija-od-berovsko-ima-mini-oaza-so-500-rastenija-sluchajnite-minuvachi-se-voodushevuvaat-od-ubavinata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Локал во Скопје со шарени „lazy bags“ во трева е мини оаза среде градска џунгла (фото) На сончев пролетен ден со студено пиво во рака во зеленило на мека фотелја, рела...
Владо и Слаѓана од Кичево имаат двор за мерак – оаза уредена со клупи од палети, летниковец и импров... „Тајната за убавиот двор е во неговото одржување и во тоа што секој ден одвојува...
На гости кај Бети: Македонка, која живее во Швајцарија, секоја година има најубаво украсен велигденс... „При украсувањето на домот се водам од мислата дека сакам да направам нешто што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg