На гости кај Тијана: Совршено уреден стан од 76m2 во скопската населба Илинден, со детска лизгалка (фото)
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
„Започнавме од нула и сега сме пресреќни. Не е можеби нешто големо, но за нас е, ова е нашето среќно место. Со љубов и трпение работевме на секој детаљ“, споделува Тијана Димитириевска (23) за CRNOBELO.com.

Тијана Димитриевска (23) од Куманово, техничар за нокти, и Стефан (27) од Дељадровци, електричар, со синот Калин живеат во стан од 76m2 во комплексот на Агатон во Илинден, Скопје.
Домот е совршено уреден во светли крем нијанси, со црни детали зеленило за разигрување на атмосферата.
За уредувањето на домот Tијана за CRNOBELO.com вели:
„Започнавме од нула и сега сме пресреќни. Не е можеби нешто големо, но за нас е, ова е нашето среќно место.

Стан од 76m2 во комплексот на Агатон во Илинден во кој живееме јас сопругот Стефан и нашиот син Калин, кој е светлост во нашиот дом.

Во станот од најмал детаљ до најголем, сè сами дизајниравме со сопругот... Од кујната до дневната, детската, спалната сè беше наша замисла,.

Со љубов и трпение работевме на секој детаљ и благодарение на компанијата што ја ангажиравме за изработка на мебел по мерка, се реализираше нашата замисла.


Бојата на ентериерот беше по желба на сопругот, крем мешавина од бела и беж нијанса баш поради тоа што симболизира енергија, мекост, чистота и топлина и поради тоа што се добива впечаток на модерен стил.

Црните детали за декорација ги одбравме баш поради тоа што се едни од најмоќните начини да се постигне баланс, елеганција и длабочина во ентериерот.

Кујната во крем боја со црни елементи е модерна и класична едновремено - топла, елегантна и со карактер, баш онака како што ни е замислата.


