Не е Лапонија, Скопје е – Иглу сместување среде дивина со поглед на Езерото Козјак (фото)

Спална со кревет под ѕвездите, прво утринско кафе среде дивина, па дури и туширање во бања со бесконечен поглед кон езерото – на Козјак има неверојатно сместување во иглу, кое нуди неповторливо искуство за љубители на природата.

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-01.jpg

Ако отсекогаш сте посакувале да отпатувате во Финска и да бидете сместени во иглу, од каде ќе уживате во погледот кон ѕвездите и прекрасната Поларна светлина, сега слично искуство може да доживеете и кај нас (без Аурора Бореалис).

Во националниот парк Јасен, во близина на видиковецот Козјак, се наоѓаат Grizzly Igloos, односно 4 приватни иглу сместувања среде дивина, во кои ќе се заљубите на прв поглед.

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-15.jpg

Иглу куќичките се уредени беспрекорно, со топла атмосфера, а нудат сместување за двајца, со кревет со поглед кон небото и ѕвездите.

View this post on Instagram

A post shared by GRIZZLY IGLOOS (@grizzlyigloos)

Дури и тоалетот има поглед кон Езерото Козјак, а можете да уживате во неповторливо искуство на туширање со пејзаж пред вас или бањање во топла купка на отворено.

View this post on Instagram

A post shared by GRIZZLY IGLOOS (@grizzlyigloos)

Првото кафе ќе го пиете во шума со недогледен поглед и звуци од природата, а ќе ги искусите и магичните зајдисонца додека лежите на мрежеста лулка.

Освен пасивниот одмор со неповторлива глетка, љубителите на природата може да се впуштат и во активности како јавање коњи, кајакарење и планинарење.

Погледнете повеќе фотки од иглу сместувањето кое нуди незаборавно бегство и искуство во природа:

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-04.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-05.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-12.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-13.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-02.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-09.jpg

ne-e-laponija-skopje-e-iglu-smestuvanje-srede-divina-so-pogled-na-ezeroto-kozjak-foto-14.jpg

Повеќе фотки на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Шарено кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од бајка (фото) Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени п...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Марјан Бранко во Влае: Стан од 47m2 уреден со цигли, рустични детали и минимално осветл... „Сандакот помеѓу двоседот и фотелјата е парче старо повеќе од 70 години, нерепар...
На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg