Во домот на водителката Ева Јовановска: Дуплекс од 78m2 во Скопје, со подвижни скали кои водат до вториот кат

„Уште во првиот момент кога влегов во станот знаев дека ќе биде мојот дом, го почувствував тоа длабоко во себе. Станот има 2 спални соби, зелени украсни елементи на ѕидовите, голема дневна со трпезарија и убаво уредена кујна“ - водителката Ева Јовановска ги отвори вратите својот дом за CRNOBELO.com.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-75m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-01.jpg

Водителката на емисијата G Carpet, Ева Јовановска од Тетово, уште од средношколските денови живее во Скопје.

Но, откако со години била под кирија, таа кон крајот на 2024-та купи свој стан.

Нејзиниот дом е дуплекс од 78m2.

За Ева, станот бил љубов на прв поглед, а таа за CRNOBELO.com вели дека во моментот кога зачекорила таму, веднаш се видела себеси како живее во тој простор.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-08.jpg

Водителката ги отвори вратите од својот дом и ни раскажа неколку детали за неговото уредување:

„Уште првиот момент кога влегов во станот едноставно знаев дека ова место ќе биде мојот дом, го почувствував тоа длабоко во себе, баш е по мој вкус, затоа не се размислував многу и уште утредента ја почнав постапката за негово купување.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-03.jpg

Овој дуплекс стан со големина од 78m2 претставува совршен спој на современ дизајн и функционалност.

Со внимателно избрани детали, просторот нуди удобност и модерен стил на живеење.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-27.jpg

Уште од самиот влез може да се забележи модернистичкиот стил на станот, долг ходник во кој преовладуваат неутрални тонови, декоративна техника на ѕидовите со италијански акрилни бои.

Впечатлив момент е и огледалото кое е поставено по целата површина на вратата која води кон останатите простории во станот.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-24.jpg

Кујната е вистински рај за мене, бидејќи обожавам да готвам.

Тука доминира крем\кафеава боја, работните површини се пространи, додека складишните простори се дизајнирани за максимална функционалност.

Деталите како осветлувањето под горните елементи и внимателно избраните рачки на фиоките, ѝ додаваат дополнителен шарм на оваа просторија.

vo-domot-na-voditelkata-eva-jovanovska-dupleks-od-78m2-vo-vlae-so-podvizhni-skali-koi-vodat-do-vtoriot-kat-18.jpg

Тоалетот има модерен и софистициран изглед, со внимателно избрани материјали кои создаваат луксузна атмосфера и големо, тркалезно огледало.

Ѕидовите се обложени со мермерни плочки со суптилни сиви шари, што му даваат елегантен, но топол изглед на просторот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
Во празнично украсениот дом на Ксенија Деспотоска: „Доминира кафеавата боја, но ми фали малку црвено... „Оваа година ни е прва откако се средивме дома, така што ни е и прво украсување,...
Во домот на Павлина: Куќа во Битола уредена со ретро предмети и гоблен извезен од нејзината мајка „Посебна љубов ми се реставрираните предмети од 80-ти и 90-ти. Гоблените ми се п...
На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Лина: Пентхаус стан во Скопје со модерна технологија на гласовни команди и бавча на пок... „Мое омилено катче е покривот... Најголема радост ми е малата бавча која стана м...
Во домот на Невенка и Гаврило во Штип: Дуплекс од 156m2, со ограда од ковано железо во дневната и му... „Во салонот централно место зазема пијаното, а над него во застаклена витрина е ...

Најчитани неделава