На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото)

„Дневната соба е омиленото место на целото семејство. Главниот фокус е кожeната гарнитура. Просторијата е декорирана со златни детали и украсни елементи, што едновремено создаваат луксузен и пријатен амбиент“, вели Вера Грошевска (23), менаџер за продажба и маркетинг.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-01.jpg

Вера Грошевска (23), менаџер за продажба и маркетинг во интернационална компанија и контент креатор на социјалните мрежи, живее во стан од 100m2 во центарот на Скопје со нејзините родители и сестра ѝ.

Таа вели дека нејзиниот дом е нејзиното мало царство од каде црпи енергија и каде ѝ се раѓаат креативни идеи.

Вера за уредувањето на домот, споделува за CRNOBELO.com:

„Станот се состои од долг влезен ходник со вграден плакар, голема дневна соба, кујна и трпезарија, 3 спални соби, 2 бањи и тераса.

Мојот дом е вистинско огледало на нашата семејна хармонија, место каде што секој агол носи убави спомени, а секоја просторија има своја посебна приказна.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-02.jpg

Тука живеам со моите родители и мојата сестра, и заедно сме го уредиле со многу љубов, внимание и најразлични идеи, правејќи го топол и удобен простор во кој секогаш се чувствуваме пријатно.

Во ходникот одлучивме да поставиме вграден плакар, кој собира многу повеќе работи, отколку обичен плакар, што ни овозможи да го искористиме просторот на најдобар можен начин.

Големото огледало, кое доминира во овој дел, беше моја идеја – совршено за брзо проверување на изгледот пред да излезам, но и за креативни фотосесии.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-09.jpg

Дневната соба е најомиленото место на целото семејство и срцето на домот. Таа е пространа, топла и уредена со голема внимателност.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-08.jpg

Главниот фокус е кожната гарнитура која е неверојатно удобна, а веднаш спроти неа се наоѓа голем телевизор, кој го користиме за заеднички семејни вечери.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-11.jpg

Просторијата е декорирана со кафени прозорци, златни детали и внимателно избрани украсни елементи, што создаваат луксузен, но сепак пријатен амбиент.

Подот низ целиот стан е покриен со квалитетни плочки, што ни овозможува и лесно одржување и модерен изглед.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-10.jpg

Кујната, пак, е вистинското срце на домот, просторија во која се подготвуваат највкусните јадења и каде што често поминуваме време заедно.

Одлучивме да ја уредиме во светли тонови, бидејќи тие внесуваат свежина и чувство на чистота.

na-gosti-kaj-vera-stan-od-100m2-vo-centarot-na-skopje-so-mebel-od-rezbano-drvo-foto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Драгана: Стан од 65m2 во скопската населба Хром, со елегантна нота и доминација на теге... „Во домот доминираат златни и тегет тонови, кои создаваат елегантна, но пријатна...
На гости кај Христина Пан: Од старата плевна на дедо ѝ до совршена викендичка во с. Слепче (фото) „Процесот на градење се одвиваше брзо, но баш кога дојде време за внат...
На гости кај Елена и Петар: Стан од 51m2 во Карпош, во светли тонови со акцент на тиркизна боја и др... „Како двајца млади ентузијасти со изострен вкус, создадовме топол и функционален...
Во домот на Љупка Митрова: Када во дневната наместо трпезариска маса и големи прозорци со поглед кон... „Јас сè сама пазарев. Со сите мајстори седев - oд лепење плочки, до монтажа на п...
На гости кај Ангела во Скопје: Стан од 67m2 во Тафталиџе со совршена детска соба и тераса како мала ... „Кога ја уредував кујната, целта ми беше да биде светла, функционална и лесна за...
На гости кај Жиле и Рос: Винтиџ стан во Скопје со грамофон, флипер, детали од бувљак и уметнички дел... „Нашиот дом е мешавина од неколку стилови, винтиџ, бохо и индустриски ...

Најчитани неделава