На гости кај новинарката Офелија Димковска: Уметнички дом со силни бои, впечатливи детали и многу цвеќе (фото)
- Детали
- петок, 03 април 2026
Грамофонски плочи, секогаш свежо цвеќе, особено лалиња, декорации пред празниците, уметнички дела, како нејзината омилена чинија со девојка и среќната лампа од италијанскиот уметник Форнасети... И нашата прекрасна дама Офелија Димковска го има своето мало царство, каде твори, готви, црта...

Новинарката Офелија Димковска ужива во многу места на светот за време на своите патувања, но секогаш најубаво ѝ е кога ќе се врати дома.

Нејзиниот стан во Скопје е нејзиното безбедно катче, каде може да твори, да слуша добра музика на грамофонски плочи, да ужива во мирисот на тазе набрано цвеќе, но и да ужива во експлозијата од бои и енергија, која овој дом ја има.

Закитен со впечатливи детали, како нејзината „среќна лампа“, која си ја носела низ годините дури и кога се селела од едно место на друго, до нејзината омилената чинија со девојка на неа од италијанскиот уметник Форнасети.
Офелија прави многу рецепти во кујната, но суфлето ѝ е омилено.

Ужива во декорирање на домот за празниците, а Велигден ѝ е еден од најмилите.

За CRNOBELO.com таа споделува детали за уредувањето:
„Го обожавам чувството што го имам во својот дом.

Ова е мојата ʼработна масаʼ и неколку работи без кои не можам: лаптопот, многу моливи и боици Стадлер и лампата што е исто така Форнасети, како и мојата омилена чинија.
Оваа лампа ја купив пред 28 години во Стразбур.


Сама ја крстив ʼсреќна лампаʼ. Ме следи во домовите што со годините ги менував. За жал и за среќа.

Исто така, меѓу омилените работи ми е дрвцето со лебеди оригами. Ќерка ми прави оригами и од најмали ливчиња. Навистина ужива во тоа“.


