Емотивни исповеди: „Мајка ми и татко ми останаа во брак заради мене – животот ми беше пекол“
„Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште се мразат еден со друг и мизерни се“.

Иако разводот не е нешто несекојдневно, за многу луѓе претставува табу, особен кога е во прашање и пар со деца.
Многу парови кои очигледно не треба да се заедно сметаат дека за нивните деца е подобро да не се разведат.
Но, забораваат дека кога живеат со партнер што не го сакаат, па можеби дури и го презираат, создаваат околина која е токсична за децата.
Корисник на Редит го постави прашањето:
„Луѓе кои сте останале во брак ’за децата‘, како излезе целата ситуација?“
Скоро сите одговори се од луѓе чии родители останале во брак само заради децата. Голем дел споделуваат дека пораснале во семејство со тензија и огорченост што секако се одразило врз нивното ментално здравје.
Дел од одговорите во продолжение:
„Моите родители останаа во брак заради нас, децата. Сега имаат 80 години, уште се мразат еден со друг и мизерни се“.
„Јас и брат ми страдавме од анксиозност и депресија бидејќи пораснавме во таква околина. Постојано сум нервозен ако направам нешто погрешно, ако скршам нешто и слично, бидејќи благодарение на татко ми, се навикнав да бидам омаловажуван. Мајка ми велеше дека ќе го остави, но никогаш не се разведе од него“.

„Моите родители останаа заедно заради нас. Откако мајка ми почина, татко ми рече дека конечно завршила неговата 56-годишна затворска казна. Никогаш нема да му простам за тој коментар“.
„Моите родители не се разведоа и гневна сум бидејќи ниту еден од нив не се однесуваше како возрасна личност“.
„Моите родители се исти и уште се заедно, мизерни. Среќен сум што се иселив од нивниот дом, но уште ми го прават животот кошмар“.

„Моите родители останаа заедно и ме натераа да мислам дека нездравите и несреќни врски се норма. Сите ние (нивните деца) бевме во насилни врски. Родителите се разведоа, но сепак дотогаш ни дадоа погрешна претстава за тоа како изгледа љубовта“.
„Мајка ми и татко ми имаат скоро 70 години и уште се мизерни. Пораснав во дом со многу тензија, викање, тропање врати… Посакувам да се разведеа“.

Спирова С. | Црнобело
