„10 причини зошто животот ми е многу поубав без деца“ – Жена предизвика онлајн дебата

„Како што моите пријателки почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, станував посигурна дека го направи вистинскиот избор“, вели 37-годишна Британка која не планира да стане мајка. Некои ја поддржуваат во одлуката, некои ја критикуваат, а трети сметаат дека секој има право на избор и не треба да си судиме за животните одлуки.

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-01.jpg

Од разни причини, сè повеќе луѓе одлучуваат да немаат деца, или барем го одложуваат родителството додека да се почувствуваат поподготвени.

Па, додека некои сметаат дека имањето деца е нешто што треба да го искуси секој, други веруваат дека е во ред и да не добијат деца штом сметаат дека тоа не е добра животна одлука за нив.

И, обично мислењата на двата типа луѓе се целосно спротивставени и тешко им е да најдат заеднички јазик.

Неодамна, 37-годишна жена од Англија, која одлучила дека не сака да има деца, сподели видео кое ја разгори оваа дебата.

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-03.jpg

Таа сподели десет причини зошто нејзиниот живот е подобар без деца, па наиде на поддршка, но и на критики.

37-годишната Ели Колсон вели дека верувала дека мајчинството е нејзина судбина. Таа била свршена и со партнерот ја планирале венчавката, кога сфатила дека бракот не е нешто што го сака за себе.

Откако раскинала со партнерот, вели дека почувствувала олеснување и дека сфатила дека сакала брак и дете само поради притисокот од општеството.

„Како што моите пријатели почнаа да стапуваат во брак и да добиваат деца, сè повеќе станував сигурна дека го направив вистинскиот избор“.

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-02.jpg

На 29-годишна возраст, таа го запознала нејзиниот сегашен партнер, Карл, и вели дека уште на почетокот на врската разговарале на оваа тема и дошле до заклучок дека и двајцата не сакаат ниту венчавка, ниту деца.

Видеото со 10-те причини зошто животот ѝ е поубав без деца има над милион прегледи.

10-те причини на Ели:

1. Ги трошам парите на мене и само на мене (и моите кучиња). Не сакам да можам да си ’дозволам‘ деца и не сакам да ги жртвувам работите што ги сакам за нив.

2. Не ми се допаѓа самото породување, да си го ризикувам животот за да родам дете, не вреди.

3. Моите кучиња се доволно. Тие не се деца, но според тоа колку време и пари им посветувам, можат и да бидат.

4. Некогаш не сум помислила дека децата ќе направеле некој одмор поубав. Сакаме да го прошетаме светот заедно, без деца.

5. Денешното општество е ужасно. Кој сака да одгледува деца со таква несигурност?

6. Животот е луд. Сакам да сум дома, со свеќи, да читам книга во мир.

7. Животот повеќе не е ваш (откако ќе добиете деца). Животот ви станува носење на училиште, вонучилишни активности, детски забави…

8. Сакам да спортувам и да планинарам. Кога ќе имам време да тренирам редовно ефикасно ако имам деца?

9. Фактот што жените (најчесто) треба да се откажат од кариерата за породилно отсуство и слично, според мене не е во ред.

10. Јас сум забавната тетка! Мајчинството едноставно не е за мене.

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-04.jpg

Ели истакнува дека воопшто не ги осудува луѓето кои имаат деца, туку само дека тоа не е нешто што го сакала за себе.

„Родителството не е за сите и животот без деца не е за сите и тоа е во ред“.

Очекувано, во коментари, Ели се соочи со критики од луѓе кои сметаат дека нејзиното размислување е погрешно:

„Животот без деца е бесмислен“.

„Јас имам 28 години две деца. Уште одам во теретана, планинарам, патувам. Ако немаш време за себе и своите хобија и потреби, тогаш ти треба подобар партнер и подобро организирање на времето“.

„Очекувам за 20 години да споделиш дека се чувствуваш тажно и осамено“.

„Која ти е смислата во животот освен да се забавуваш? Дали си навистина исполнета? Има многу повеќе во животот од тоа да ти биде забавно“.

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-05.jpg

Други ја поддржуваат:

„Имам 42 години и немам деца. Неодамна си купив коњ!“

„Во ред е да не сакаш деца. Не е во ред да добиеш дете и потоа да сфатиш дека не го сакаш“.

„Зошто луѓето се толку гневни на некој што не сака да има деца?“

10-prichini-zoshto-zhivotot-i-e-mnogu-poubav-be-deca-zhena-predizvik-onlajn-debata-06.jpg

Трети сметаат дека секој има право на избор и не треба да си судиме за нашите животи одлуки:

„Како мајка која не жали што има деца, се согласувам со тебе. Не мора сите да имаат деца“.

„Како мајка, браво за ова! Ако не сакате да имате деца, не треба да имате. Ќе биде полошо да бидете несреќни. Точно е дека децата се радост, но тие се и огромна обврска“.

„Мислам дека сум била родена да бидам мајка. Моите три деца се нешто што сум сакала отсекогаш. Но, во право си дека одземаат многу време и ако не сакаш да бидеш родител, не треба“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се откажав од старателството над син ми – го гледам само 6 дена месечно и сум подобра мајка“ „Никој не вели ништо ако таткото минува само шест дена месечно со неговото дете....
„Се оддалечив од мајка ми поради сопругот, како Бруклин Бекам – уште жалам што не ѝ кажав дека ја са... „Кога мајка ми почина од рак на белите дробови, силно ја прегрнав и ѝ се извинив...
„Мајка ми и јас сме бремени во исто време - пресреќни сме“ „Мајка ми и јас го живееме нашиот сон! Двете сме бремени со девојчиња. Таа е во ...
„Имам 7-годишна ќерка, а девица сум. Никогаш не барав маж, сакав само дете“ „Не сум асексуална, имам желби. Но бидејќи никогаш не сум имала секс – не ми нед...
6 лекции на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка (и не се за мажи) Твојот ум е твојот најсилен адут. Физичкиот изглед привлекува луѓе, но менталнат...
Никица Ацева расте 2 мали деца во Германија: „Двапати се породив во иста болница тука, често плачат ... „Промената од 1 на 2 деца беше потешка, отколку од 0 на 1, како што и очекував. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg