„Знам во иднина ќе плачам за овие денови кои се многу гласни - домот ми е хаос и ме боли глава од ‘мамаааа’“
„Денес понекогаш ми треба тишина. Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка. Играчките нема да бидат по подот. Но, ќе сфатиме дека овие денови не биле само обични денови. Туку најубавите денови од нашиот живот“.

Мајка на 3 деца од Србија на Инстаграм позната под профилот „MamaHub_zone” е жена која отворено зборува за убавите, но и тешките моменти на родителството.
Меѓу нејзините мотивациски и емотивни пораки за родителство, има една која навистина ќе ве погоди.
Нејзината емотивна објава што освестува:
„Постои една идна верзија од мене која би дала сè за да се врати во овој мој сегашен момент и живот.
Во деновите кои се гласни.
Во куќата која е малку неуредна.
Во малите чекори низ ходникот и постојаното повикување: „мама“.

Денес понекогаш ми треба тишина.
Малку повеќе ред.
Малку повеќе време.
Но, еден ден… куќата навистина ќе биде тивка.
Креветите ќе остануваат уредно наместени.
Играчките повеќе нема да бидат по подот.
Никој нема да трча низ ходникот.
И токму таа тишина понекогаш ќе заболи.

Затоа што работите што денес изгледаат како неред -
трошки на масата, играчки по подот, гласови во куќата -
еден ден ќе бидат спомени по кои срцето најмногу ќе копнее.
Затоа се обидувам да ги запомнам овие денови токму такви какви што се.
Затоа што ништо на овој свет не е повредно за нашата посветеност.
Ништо повеќе не го заслужува нашето присуство.
Ништо не е подрагоцено од овие обични денови што ги живееме.
Токму овој момент е важен.
Затоа што еден ден ќе сфатиме -
тоа не беа само обични денови.
Тоа беа најубавите денови од нашиот живот!“
Вртете ја нејзината галерија на стрелката десно:
С. С. | Црнобело