Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони евра (фото)
- Детали
- среда, 29 октомври 2025
„Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната соба се излегува директно на базен, покрај кој има палми“ - во домот на Анастасија и Немања има 4 соби, две бањи, голем гардеробер, а во дневната соба имаат и верско катче со многу икони.

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца, живее во Севиља заедно со нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.
Тие се таму веќе неколку години заради неговите професионални ангажмани, а честопати покажуваат колку им годи медитеранскиот живот.
Анастасија често објавува фотки од себе, па со одредени кадри открива по некои детали од луксузната вила во која живеат.
Може да се забележи дека станува збор за модерна градба, со стаклена ограда и големи скали.
Дворот им е луксузно опремен, со кожена гарнитура и маса, голема лулашка и базен, опкружен со многу зеленило и палми.
Српските медиуми пишуваа дека вилата ги чинела 6 милиони евра, но за нив тоа не е проблем, со оглед на тоа што само Немања неделно заработува околу 78.000 евра.
Извор близок до парот, во една прилика дал подетален опис за нивниот дом во Севиља:
„Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната соба се излегува директно на базен, покрај кој има палми.
Тоа ѝ е омилено катче на Анастасија, бидејќи највеќе сака да ужива на сонце, со коктели и пливање.
Вилата има уште 4 соби, две огромни бањи, кујна опремена со најсовремени апарати, како и спална соба со раскошен кревет и гардеробер, во кој наследничката на Цеца ги смести сите свои парчиња“.
Во дневната имаат и библиотека со книги, украси, сувенири кои им се спомен од патувања, како и верско катче со икони.

Погледнете повеќе фотографии:





М. М. | Црнобело