Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“
- Детали
- сабота, 10 јануари 2026
Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб во Скопје, Марко го препозна Јован во публиката, и додека ја пееше „Да полетам“, се симна меѓу присутните, стигна до него и го изгушка и бакна.

Марко Маринковиќ Статкар вчеравечер одржа концерт во клуб во Банско. Негови гости беа Стефан и Мартин од „Некст тајм“.
Концертот, како и сите претходни, помина во знакот на доброто расположение, распеани млади, одлична забава.

Се пееја и песните кои се хитови одамна, но и песните од двата нови албуми кои Марко ги издаде во текот на 2025-та.

Слаткар, во свој манир, беше одличен на сцената, но и зад неа - тој одвои време да се сретне со Јован Костадинов, момчето-херој од Виница, кое на кобната ноќ на 16 март во дискотеката Пулс во Кочани, спаси 20-тина деца.
„Со херојот“, напиша Слаткар на фотката што ја сподели на Инстаграм Стори.

Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб во Скопје, Марко го препозна Јован во публиката, и додека ја пееше „Да полетам“, се симна меѓу присутните, стигна до него и го изгушка и бакна.
И тогаш на Инстаграм напиша дека го сретнал херојот од Кочани.

Прочитајте и Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се симна да го бакне
А. Ј. | Црнобело
