Тин ѕвездата Филип Поповски наполни 17 години, Цаци Паковска горда: „Ти си син што го сакам, иако не сум го родила“
- Детали
- вторник, 29 јули 2025
„Мој Филип, ти си повеќе од откритие... Секоја твоја изговорена реченица, секоја твоја грижа за другите, секоја твоја скромност – ми покажуваат дека нешто навистина ретко живее во тебе. Ги ценам сите наши магични моменти“, напиша Цаци Паковска за Филип Поповски, ѕвездата од „Дајте музика“ и „Тин камп“, кој денес полни 17 години.

Филип Поповски, младата и талентирана ѕвезда од „Дајте музика“ и „Тин камп“ денес го слави својот 17-ти роденден, а Цаци Паковска по тој повод му посвети емотивна објава.
Филип свири акустична гитара, талентиран е за глума и пеење, а сака кошарка, скирол, како и цртање. Има желба да создаде стрип-јунак во стилот на Марвел.

Сите што гледаат „Дајте музика“ и „Тин камп“ го обожаваат.
Инаку, Цаци Паковска е сценаристката и продуцентката зад детско‑тинeјџерскиот проект „Дајте музика“ и серијата „Тин камп“.

Цаци за него напиша:
„Се сеќавам на првиот пат кога дојде на кастингот за „Дајте музика“.
Срамежливо, воспитано момче, но со талент и глас што ја исполни целата просторија.

Имаше само 10 години, но уште тогаш знаев дека ова дете е магија.
Денес веќе не те гледам само како талент, туку како млад човек со душа поубава од секоја нота што си ја отпеал или секој ред што си го одглумил.

Мој Филип, ти си повеќе од откритие – ти си син што го сакам, иако не сум го родила.

Секоја твоја изговорена реченица, секоја твоја грижа за другите, секоја твоја скромност – ми покажуваат дека нешто навистина ретко живее во тебе. Порасна пред мои очи и ги ценам сите наши магични моменти.

На денешен ден, за твојот 17-ти роденден, сакам само да ти кажам: „Толку сум горда на тебе!“
Нека оваа година ти донесе сè што ти е потребно за да продолжиш да нè воодушевуваш. Зашто светот со тебе е едноставно подобро место.

Среќен роденден, мое драго Фикуле! Те сакам до Месечината и назад“.







С. С. | Црнобело