Тин ѕвездата Миха Гигов наполни 18 години, Цаци Паковска горда на него: „Порасна во прекрасен маж и не заборави од каде доаѓаш“
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
„Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш. Остана приземен, благодарен и најважно од сè, остана ТИ. Тоа е реткост. Тоа е посебно. Сега, еве си, имаш 18 години. Маж. А сепак, за мене секогаш ќе бидеш шармантното дете што влезе и промени сè“ - напиша Цаци Паковска за Миха Гигов, ѕвездата од 'Дајте музика' и 'Тин камп', кој денес слави полнолетство.

Помеѓу помладата генерација деца (но и кај повозрасните), проектите како „Дајте музика“ и „Тин камп“ се вистински хит, а една од тин ѕвездите и идоли на младите, е токму Миха Гигов.
Меѓу другите актери и учесници, ова момче кое се појави во двата младински проекти, ја освои публиката со својот талент, харизма и изглед, а денес наполни 18 години.

Оние кои ги следат овие серијали, го запознаа како младо шармантно момче, а денес тој е полнолетен дечко, кој продолжува да освојува срца.
Освен како актер, тој се прослави и по талентот за пеење, со својот бенд од шоуто ја претставуваше нашата земја на детска Евровизија во 2021, а заедно со останатите членови често има настапи низ Македонија каде ги следат огромен број фанови.

Цаци Паковска, која стои зад двата проекта како извршен продуцент, низ годините стана многу блиска со овие деца, а Миха го гледа како свој син.

На Инстаграм таа објави повеќе фотографии со него од изминатиот период и напиша емотивна објава по повод полнолетството:
„Пред 6 години, влегов во собата за кастинг во потрага по талентирани деца за нашата ТВ серија Дајте музика. Тогаш не знаев дека, не само што најдов ѕвезда, туку добив и син.
Миха Гигов, од првиот момент, сјаеше силно, не само со неверојатниот талент, туку и со срцето. Низ годините, славевме огромни успеси, срушени рекорди и создадовме магија заедно.

Но, најголемата победа? Тоа што те гледав како растеш во добар, скромен и извонреден млад маж, каков што си денес. Независно колку високо се издигна, никогаш не заборави од каде доаѓаш.
Остана приземен, благодарен и најважно од сè, остана ТИ. Тоа е реткост. Тоа е посебно. Сега, еве си, имаш 18 години. Маж. А сепак, за мене секогаш ќе бидеш шармантното дете што влезе и промени сè.

И ова е само почеток. Светот е твој Миха. Небото никогаш не ти било граница, затоа што си роден да одиш преку него.
Продолжи да сонуваш, продолжи да светиш и да бидеш ТИ. Горда сум што можам да те наречам семејство.
Среќен роденден мој Михич. Те сакам бескрајно!“

Уште неколку фотографии од објавата на Цаци:





М. М. | Црнобело