Aнтониа Гиговска ужива со сопругот и синот на одмор во луксузен ресорт во Грција - Роберт се пофали со наследникот
- Детали
- среда, 02 јули 2025
По низата настапи Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски се релаксираат на море во Грција со своето омилено друштво – синот Киан.

Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски, на почетокот од јули уживаат на море во луксузниот ресорт „Pomegranate Wellness Spa Hotel“ на Халкидики со нивниот син Киан.
Парот е сместен во рајски ресорт со базен, палми и активности и за најмалите.

Антониа се сонча во зелени бикини со долги летни розови нокти, додека нејзиниот сопруг позира со својот наследник, двајцата облечени во маички без ракави.


Парот често настапува заедно, па сега се на кратко полнење на батериите, пред да продолжат со интензивното темпо на работа.

Роберт повторно шеговито се пофали како неговиот син Киан уште не појадувал, а веќе почнал да оди да се запознава со девојчиња.

Антониа со семејството на одмор:






Прочитајте и Антониа Гиговска: „Киан ме научи да сум борбена, се плашев дека поради честите отсуства нема да сака да го заспивам“
С. С. | Црнобело
