Синот на Бубо Каров, шеговито пред 40-тиот роденден: „Постигнав многу, вратот ми е вкочанет, рамото ме боли, имам астма“
- Детали
- петок, 27 март 2026
„Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав многу. Левото рамо секојдневно ме боли, имам жуљ на десната нога, имам астма, социјално сум анксиозен, не сакам да патувам, 2- 3 дена во неделата сум депресивен, пред да врне не знам кај сум - нит кој сум“, вели режисерот и сценарист Илија Каров.

Илија Каров, роден на 29.03.1986 во Скопје, режисер и сценарист, како и син на легендарниот Бубо Каров, на два дена пред својот 40-ти роденден се пошегува на тема своето здравје.

Многумина ќе се пронајдат во неговите зборови бидејќи некои работи околу и по 40-тата година од животот навистина се менуваат.


Неговата шеговита објава гласи:
„Денеска се разбудив во 3, и во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот.
Не е дека се фалам ама за четириесет годишен човек стварно постигнав работи што некои луѓе едвај ги стекнаа дури во нивната шеста деценија.
Скоро секое утро вратот ми е укочен, левото рамо секојдневно ме боли, имам жуљ на десната нога, имам астма, социјално сум анксиозен, не сакам да патувам, 2- 3 дена во неделата сум депресивен, пред да врне не знам кај сум - нит кој сум“.

Кликнете на видеата од Илија со К-15 и нивните заеднички проекти:
С. С. | Црнобело
